„Битен е процесот на рехабилитација на настраданите во земјотресите во Албанија, а тоа најдобро ќе се направи со парична помош“, апелираше генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.
Тој информираше дека досега преку донации на телефонските броеви 143 400 со сите три префиски се собрани 2.460.000 денари или нешто повеќе од 40.000 евра. – Нематеријалната помош да биде концентирана на кебиња, вреќи за спиење, но со оглед дека граѓаните можеби тоа не го поседуваат како ресурс, би било добро да се концентрира помошта на хигиенски средства, бебешка и конзервирана храна. Останатото мислам дека не би било од корист во моментот, има веќе во Албанија многу помош доставена и ќе биде проблем за понатамошно менаџирање. Целта во вакви ситуации не е по секоја цена да направиме нешто, туку по секоја цена да направиме нешто што ќе им биде од корист на луѓето. А тоа се паричните средства кои преку Црвениот крст на Албанија директно би дошле во рацете на тие кои што најмногу им треба. Затоа како Црвен крст апелираме да се движиме во тој правец – вели Саити.
Саити изјави дека на синоќешното гостување во ТВ 21 изјавил дека до тогаш биле собрани 30.000 илјади евра, а не 80.000 како што е погрешно пренесено.
Петар Клинчарски