• Latest

Ревизорите бараат под итно избор на директор на Државниот завод за ревизија

November 28, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ревизорите бараат под итно избор на директор на Државниот завод за ревизија

November 28, 2019 15:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во Државниот завод за ревизија денеска побараа од институциите во државата под итно да изберат нов директор на ова ревизорско тело, бидејќи во спротивно, како што порачаа, тоа де факто ќе престане со работа.

Говорејќи на прес-конференцијата одржана во ДЗР, ревизорот Мијалче Дургутов нагласи дека таа е свикана на иницијатива на сите вработени, со цел да се изрази нивната загриженост од фактот што оваа институција веќе една година и 11 месеци функционира без директор, а на 4 октомври годинава истекол мандатот и на заменикот директор, со што е оневозможено нормалното функционирање на Заводот и е доведена во прашање неговата независност.

– Доколку не дојде до брз итен избор на државен ревизор, ние се соочуваме де факто со законско престанување со работа, бидејќи не можеме законски да работиме. Нема да бидеме во можност да ја реализираме тековната програмата за работа до крај, ниту да ја донесеме програмата за работа за 2020 година, нагласи Дургутов.

Тој информира дека вработените за своите барања поддршка добиле и од меѓународната организација на ревизорски тела.

 

– Наше основно барање е транспарентен избор на главен државен ревизор. Не бараме ништо повеќе. Не молиме никого за нешто. Ги бараме само нашите права. Бараме да работиме, порача Дургутов.

Според него, неизборот на државен ревизор би го довело во прашање и спроведувањето на изборите, бидејќи ДЗР во вакви услови не би бил во можност да врши ревизија на изборните кампањи.

Дургутов нагласи дека досега вработените во ДЗР одржале неколку собири од кои упатиле писма до сите институции во државата со барање под итно да се избере директор на Заводот, за што нивна делегација одржала и два работни состаноци со претставници на Собранието.

За средбите со претставниците на Собранието информираше ревизорот Бранислав Гулев, кој нагласи дека од претседателот на собраниската Комисија за избори и именување Илија Димовски биле информирани дека ќе свика комисиска седница за избор на директор на ДЗР, кога „ќе почувствува дека постои договор меѓу партиите“ околу изборот.

 

Тие на средбите нагласиле дека неизборот на директор ги оневозможува исплатата на платите и социјалното и здравственото осигурување на вработените, а ДЗР не може ниту да ги плаќа режиските трошоци за електрична енергија и комуналии, што институцијата би ја довело до дополнителни проблеми.

– Информиравме дека имаме доставено измена на нашиот закон во делот на назначување на одговорно лице од вработените во институцијата, со една единствена цел времено да се премости блокираноста на нашата институција до назначувањето на главен државен ревизор, изјави Гулев, додавајќи дека се свесни оти ова не е добро решение, но е нужно заради сегашната ситуација.

Тој додаде дека од претставниците на Собранието добиле предлог да се назначи лице од финансискиот сектор само во делот за исплата на плати и редовно извршување на сите обврски што пристигаат, нагласувајќи дека сепак ваквото решение нема да ги надмине проблемите, бидејќи ДЗР ќе остане блокиран во спроведување на нивната примарна задача.

 

Гулев изрази надеж дека до крајот на годинава, сепак ќе биде избран државен ревизор и дека ќе бидат надминат сите овие проблеми.

Ревизорката Лилјана Стојанова информираше дека со програмата за работа на ДЗР за 2019 годна биле предвидени 54 ревизии, од кои само 11 се комплетно завршени, а 12 се се уште во тек и треба да завршат до 31 декември. Останатите 31 ревизија, според неа, се спроведени, но постапката не може да биде завршена затоа што нема одговорно лице во ДЗР што ќе ги потпише завршните ревизорски извештаи.

На новинарско прашање околу ревизијата на работењето на Специјалното јавно обвинителство, Дургутов одговори дека ревизорската контрола во оваа институција била предвидена со програмата за работа на ДЗР за 2019 година и дека таа нема врска со најновите случувања поврзани со СЈО и објавените информации за висината на исплатените бонуси на обвинителите.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ