• Latest

Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

December 1, 2019

24 ЧАСА: Скандалозниот тендер на МВР стигна во ДКСК; Зеленски подготвен за тројна средба со Трамп и Путин; НАТО ги осуди кинескиот хакерски напади врз чешкото МНР; НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

May 28, 2025
Фото: Принтскрин

Претставници на студентите во блокада и челните луѓе на Универзитетот во Белград утре ќе одржат состанок

May 28, 2025

Грчката влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

May 28, 2025

Мицкоски за предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство: Мислам дека добро ќе соработуваме во Владата

May 28, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков градоначалник ѝ е потребен на вашата општина?

May 28, 2025

Мургашанска: Едукацијата е првиот чекор кон зелена иднина, управувањето со отпад бара заедничка акција

May 28, 2025

Дај петка за подобра иднина! – Регионална онлајн конференција на Зелен ЦИВИЛ

May 28, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат министерот за здравство да биде искусен доктор, специјалист, професионалец, некорумпиран, да знае да менаџира, додека некои сметаат дека таков нема во Македонија и треба да се донесе од надвор

May 28, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ со реакција за инцидентите со медиумите на изборите во Албанија; Косовскиот уставен суд се уште „го разгледува“ предлогот на ВВ за тајно гласање

May 28, 2025

Рокас: Поврзувањето на сите точки во Европа за одржување на мирот, безбедноста и просперитетот

May 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

Едно од најактивните граѓански здруженија на ова поле е ЦИВИЛ – Центар за слобода, кое веќе 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, се залага за оддржлив мир и граѓанско помирување во македонското општество - рече, меѓу другото, Претседателот Пендаровски на Конференцијата на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“, одржана на 29 ноември 2019 година

December 1, 2019 17:06
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати на конференцијата на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“, посветена на успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, a по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на организацијата.

Пендаровски изрази очекување дека и во периодот што ни претстои ќе продолжиме да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде на сметка на успехот на другите и во која законите ќе важат за сите – подеднакво.

„На 10 декември 1948 година, пред речиси 71 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човековите права со што потврди дека признавањето на дoстoинствoто, и нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo сe тeмeлитe нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт. Само две години подоцна, 10 декември беше прогласен за Меѓународен ден на човековите права.

Денес, речиси нема устав во светот што, барем формално, во себе не ги има вградено одредбите на Универзалната декларација, кои, за жал, не секогаш и не секаде се применуваат и почитуваат. Нема подобар начин да се подготвиме за одбележување на овој значаен меѓународен ден, од оддавањето на почит и признание на оние поединци и организации кои со години, со децении се борат за човековите права и слободи во Северна Македонија.

Едно од најактивните граѓански здруженија на ова поле е ЦИВИЛ – Центар за слобода, кое веќе 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, се залага за оддржлив мир и граѓанско помирување во македонското општество.

ЦИВИЛ започна да работи во едно турбулентно време кога нашата земја се соочуваше со големи хуманитарни и безбедносни предизвици. Но, не се задржа само на нив, туку се обидуваше да понуди решенија и за новите проблеми со кој се соочуваше и се уште се соочува нашето општество.

Од стотината успешни активности и проекти на ЦИВИЛ, јас ќе издвојам само неколку кои според мене имаат посебно значење.

Прво, тоа е Граѓанската повелба како рефлексија на Универзалната декларација. Оваа Повелба препознава дека вистинското или реалното учество на граѓанките и граѓаните во обликувањето на нашето општество е неопходно за надминување на најголемите предизвици, како што се сиромаштијата, насилниот екстремизам, растечката нееднаквост и климатските промени. Повелбата е повик граѓанскиот активизам да го заземе своето вистинско место на неформален, но, неопходен контролор врз нас политичарите и функционерите за да работиме за општото добро.

Со оваа Граѓанска повелба кон која низ годините пристапија многу слободоумни граѓани и граѓански здруженија, се потврдуваат правата и слободите што ни припаѓаат на сите нас, како што се слободата на собирање и здружување или слободата на изразување, според која секој има право да ги споделува, да ги дискутира, и да ги промовира своите ставови и идеи, да ги поддржува идеите на другите или да изрази несогласување.

Овие слободи се клучни за втората активност на ЦИВИЛ за која сакам да зборувам, а тоа се заложбите за медиумската слобода. Во услови на повеќегодишен медиумски мрак, ЦИВИЛ го лансираше проектот „Граѓански објектив“ што имаше за цел преку граѓанско новинарство да придонесе кон ослободување и деконтаминација на медиумскиот простор и охрабрување на граѓанките и граѓаните да градат слободно општество.

Со граѓанскиот објектив, ЦИВИЛ придонесе кон јакнење на слободата на изразување и медиумската писменост. Со бројните конференции, трибини, кампањи и публикации, вие правите една многу вредна работа – ја едуцирате македонската јавност и ја промовирате културата на дијалог.

Слободните медиуми се еден од предусловите за вистинска демократија. И тука доаѓам до третиот сегмент за кој би сакал да зборувам, а тоа се слободните демократски избори. Веќе 11 години, од 2008-та, ЦИВИЛ спроведува изборен мониторинг со нови, ефективни методологии за набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право. Залагајќи се за демократија и правна држава, вие во нашиот систем ги вградувате напредните европски стандарди и критериуми, што се важни за европските интеграции.

Четвртата група на проекти адресираат една особено актуелна тема, а тоа е заштитата на животната средина. Со години наназад сме сведоци на видливите негативни трендови во оваа област и затоа мораме да делуваме итно и во континуитет. Загадувањето и климатските промени се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата.

Пред неколку недели се сретнав со претставници на десетина граѓански организации и иницијативи кои ми се обратија за поддршка во оваа област. Како  претседател јавно ќе повикам на зголемен ангажман на повеќе надлежни органи заради ублажување на негативните ефекти кои сите ние ги чувствуваме. Знам дека ЦИВИЛ многу работи на ова поле, а еден од поновите проекти наречен „Зелените доаѓаат“ дава свеж моментум за зелената агенда во Северна Македонија.

Кревајќи ја свеста на јавноста за реалните прашања и проблеми кои не секогаш се видливи на политичкиот фронт, граѓанскиот сектор им помага на граѓаните да го обликуваат општеството и со тоа директно придонесува кон нашите напори за трансформација во прогресивна и просперитетна држава.

Очекувам дека и во периодот што ни претстои ќе продолжиме да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде на сметка на успехот на другите и во која законите ќе важат за сите – подеднакво. Во која ќе се штитат правата и слободите наместо привилегиите. А во основата на нашиот заеднички потфат за слободно и праведно општество да остане достоинството на човекот и граѓанинот.

Ви го честитам јубилејот, ви честитам на упорноста и издржливоста во овие 20 години и ви посакувам да сте живи, здрави и во следните 120 години“, истакна Пендаровски во своето обраќање.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ