• Latest

Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

December 1, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

Едно од најактивните граѓански здруженија на ова поле е ЦИВИЛ – Центар за слобода, кое веќе 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, се залага за оддржлив мир и граѓанско помирување во македонското општество - рече, меѓу другото, Претседателот Пендаровски на Конференцијата на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“, одржана на 29 ноември 2019 година

December 1, 2019 17:06
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати на конференцијата на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“, посветена на успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, a по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на организацијата.

Пендаровски изрази очекување дека и во периодот што ни претстои ќе продолжиме да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде на сметка на успехот на другите и во која законите ќе важат за сите – подеднакво.

„На 10 декември 1948 година, пред речиси 71 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човековите права со што потврди дека признавањето на дoстoинствoто, и нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo сe тeмeлитe нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт. Само две години подоцна, 10 декември беше прогласен за Меѓународен ден на човековите права.

Денес, речиси нема устав во светот што, барем формално, во себе не ги има вградено одредбите на Универзалната декларација, кои, за жал, не секогаш и не секаде се применуваат и почитуваат. Нема подобар начин да се подготвиме за одбележување на овој значаен меѓународен ден, од оддавањето на почит и признание на оние поединци и организации кои со години, со децении се борат за човековите права и слободи во Северна Македонија.

Едно од најактивните граѓански здруженија на ова поле е ЦИВИЛ – Центар за слобода, кое веќе 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, се залага за оддржлив мир и граѓанско помирување во македонското општество.

ЦИВИЛ започна да работи во едно турбулентно време кога нашата земја се соочуваше со големи хуманитарни и безбедносни предизвици. Но, не се задржа само на нив, туку се обидуваше да понуди решенија и за новите проблеми со кој се соочуваше и се уште се соочува нашето општество.

Од стотината успешни активности и проекти на ЦИВИЛ, јас ќе издвојам само неколку кои според мене имаат посебно значење.

Прво, тоа е Граѓанската повелба како рефлексија на Универзалната декларација. Оваа Повелба препознава дека вистинското или реалното учество на граѓанките и граѓаните во обликувањето на нашето општество е неопходно за надминување на најголемите предизвици, како што се сиромаштијата, насилниот екстремизам, растечката нееднаквост и климатските промени. Повелбата е повик граѓанскиот активизам да го заземе своето вистинско место на неформален, но, неопходен контролор врз нас политичарите и функционерите за да работиме за општото добро.

Со оваа Граѓанска повелба кон која низ годините пристапија многу слободоумни граѓани и граѓански здруженија, се потврдуваат правата и слободите што ни припаѓаат на сите нас, како што се слободата на собирање и здружување или слободата на изразување, според која секој има право да ги споделува, да ги дискутира, и да ги промовира своите ставови и идеи, да ги поддржува идеите на другите или да изрази несогласување.

Овие слободи се клучни за втората активност на ЦИВИЛ за која сакам да зборувам, а тоа се заложбите за медиумската слобода. Во услови на повеќегодишен медиумски мрак, ЦИВИЛ го лансираше проектот „Граѓански објектив“ што имаше за цел преку граѓанско новинарство да придонесе кон ослободување и деконтаминација на медиумскиот простор и охрабрување на граѓанките и граѓаните да градат слободно општество.

Со граѓанскиот објектив, ЦИВИЛ придонесе кон јакнење на слободата на изразување и медиумската писменост. Со бројните конференции, трибини, кампањи и публикации, вие правите една многу вредна работа – ја едуцирате македонската јавност и ја промовирате културата на дијалог.

Слободните медиуми се еден од предусловите за вистинска демократија. И тука доаѓам до третиот сегмент за кој би сакал да зборувам, а тоа се слободните демократски избори. Веќе 11 години, од 2008-та, ЦИВИЛ спроведува изборен мониторинг со нови, ефективни методологии за набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право. Залагајќи се за демократија и правна држава, вие во нашиот систем ги вградувате напредните европски стандарди и критериуми, што се важни за европските интеграции.

Четвртата група на проекти адресираат една особено актуелна тема, а тоа е заштитата на животната средина. Со години наназад сме сведоци на видливите негативни трендови во оваа област и затоа мораме да делуваме итно и во континуитет. Загадувањето и климатските промени се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата.

Пред неколку недели се сретнав со претставници на десетина граѓански организации и иницијативи кои ми се обратија за поддршка во оваа област. Како  претседател јавно ќе повикам на зголемен ангажман на повеќе надлежни органи заради ублажување на негативните ефекти кои сите ние ги чувствуваме. Знам дека ЦИВИЛ многу работи на ова поле, а еден од поновите проекти наречен „Зелените доаѓаат“ дава свеж моментум за зелената агенда во Северна Македонија.

Кревајќи ја свеста на јавноста за реалните прашања и проблеми кои не секогаш се видливи на политичкиот фронт, граѓанскиот сектор им помага на граѓаните да го обликуваат општеството и со тоа директно придонесува кон нашите напори за трансформација во прогресивна и просперитетна држава.

Очекувам дека и во периодот што ни претстои ќе продолжиме да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде на сметка на успехот на другите и во која законите ќе важат за сите – подеднакво. Во која ќе се штитат правата и слободите наместо привилегиите. А во основата на нашиот заеднички потфат за слободно и праведно општество да остане достоинството на човекот и граѓанинот.

Ви го честитам јубилејот, ви честитам на упорноста и издржливоста во овие 20 години и ви посакувам да сте живи, здрави и во следните 120 години“, истакна Пендаровски во своето обраќање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ