• Latest

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

Додека пред бугарската амбасада горат автомобили запалени од напаѓач со тетоважа на Путин, владиниот пи-ар успешно ја дефокусира домашната јавност со стара дипломатска нота за да го прикрие вистинскиот ќор-сокак – блокираните евроинтеграции.

June 25, 2026 12:07
in АНАЛИЗИ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Неодамнешните настани во Скопје дополнително ги влошија и онака кревките односи меѓу Македонија и Бугарија. Додека македонската јавност сее занимава со објавувањето на дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија, еден многу посериозен инцидент се чини дека падна во заборав – палењето на автомобили пред бугарската амбасада во Скопје.

Што се случи пред амбасадата?

На 15 јуни, пред бугарската амбасада во центарот на Скопје беше запален автомобил „Сузуки витара“. Пожарот брзо се проширил и зафатил уште еден паркиран автомобил во близина. Напаѓачот не остана непознат – тој беше експресно идентификуван и уапсен од полицијата набрзо по инцидентот, а она што е познато за него е дека на стомакот имал тетоважа со ликот на рускиот диктатор и воен злосторник, Владимир Путин.

Иако Министерството за надворешни работи остро го осуди инцидентот, а МВР за само неколку часа го уапси 44-годишниот скопјанец кој го призна делото, овој настан не доби соодветно внимание во јавноста. Она што сѐ уште недостига се деталите за мотивите и вистинската позадина на случајот. Јавноста треба да знае дали се работи за изолиран инцидент на „волк самотник“ (lone wolf) или зад него стои организирана структура, прашање кое се наметнува особено поради фактот што сторителот имал тетоважа со ликот на Путин. Но, и 10 дена по инцидентот, официјални информации за пошироката слика или евентуални инспиратори – сѐ уште нема.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/bulgarian-embassy-in-skopje-attact-15-june-2026.mp4

Аферата „Пампорово“ и дипломатскиот пинг-понг

Наместо на безбедносниот инцидент, вниманието на јавноста се сврте кон „дипломатската афера“, поттикнато токму од драматичните изјави на премиерот Мицкоски. Неговата реакција се базираше на објава од опскурната Фејсбук група „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македониjа“, каде на 16 јуни – само еден ден по палењето на автомобилите – се појави дипломатска нота стара половина година.

Документот од 6 јануари, испратен од македонската амбасада во Софија до бугарското МВР, содржи детали за приватното патување на сопругата и синот на премиерот Мицкоски во бугарскиот зимски центар Пампорово.

Мицкоски реагираше остро, обвинувајќи ја Бугарија за загрозување на безбедноста на неговото семејство, при што изјави дека ги информирал и партнерите во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ, пак, го искористи моментот за да ги нападне политичките ривали од СДСМ поради нивниот молк за овој „напад“, како секој во државата да има обврска да се произнесува за сѐ што ќе каже премиерот.

Бугарското МНР категорично ги отфрли обвинувањата. Во нивната официјална позиција се наведува дека тие не дистрибуирале никаква дипломатска нота ниту официјална кореспонденција. Според Софија, информацијата се однесува на одамна поминати настани и „не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност за безбедноста“.

Коренот на проблемот: Уставните измени

Во суштина на сите овие дипломатски тензии лежи длабокиот политички ќор-сокак поврзан со евроинтеграциите на Македонија. Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски и парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ континуирано одбиваат да ги внесат Бугарите и другите заедници во македонскиот Устав – услов кој е клучен дел од преговарачката рамка со Европската Унија (т.н. „француски предлог“).

Мицкоски овој услов често го опишува како неприфатлив без јасни гаранции од Брисел дека тоа ќе биде последното барање од Софија поврзано со македонскиот идентитет, јазик и историја. Овој став за неприфаќање на уставните измени дополнително ги замрзнува односите со Бугарија и го блокира отворањето на преговарачките кластери со ЕУ.

Временска линија

За да се разбере пошироката слика, важно е да се согледаат настаните што се случија во овој период:

15 јуни 2026 – Палење на автомобили

Непознато лице пали автомобил пред бугарската амбасада во Скопје, пожарот зафаќа уште едно дипломатско возило.

16 јуни 2026 – Објавување на дипломатската нота

На Фејсбук група се објавува дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово.

17 јуни 2026 – Гласање во Европскиот Парламент

Европскиот Парламент го усвојува извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од Томас Вајц, кој порачува дека Македонија би можела да биде следната земја што ќе се приклучи на ЕУ.

17 јуни 2026 – Роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија го прославува својот роденден со настан во Струмица, што се совпаѓа со денот на гласањето на извештајот во ЕП.

23 јуни 2026 – Реакција на Мицкоски

Премиерот изјавува дека го информирал НАТО за загрозувањето на безбедноста на неговото семејство, оценувајќи ги потезите од Софија како неразумни.

24 јуни 2026 – Протест до бугарската амбасада

Македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го повикува бугарскиот амбасадор, Желјазко Радуков, барајќи извинување за протечениот документ.

24 јуни 2026 – Демант од бугарското МНР

Бугарското МНР објавува официјална позиција во која негира дека протекло дипломатската нота од нивна страна и ги отфрла тврдењата дека објавувањето претставува безбедносна закана.

Протечена дипломатска нота на ФБ од 6 јануари 2026

Дефокус

Медиумите, следејќи го владиниот пи-ар, скандализираат една Фејсбук објава и ја креваат на ниво на меѓудржавен дипломатски конфликт, додека суштинските реформи и безбедносните инциденти, како палењето на автомобилите, се истиснуваат од јавниот дискурс.

Што всушност значи ова? Во политичка смисла, ова е училишен пример за спин и дефокусирање на јавноста. Преку креирање на виктимизациски наратив околу премиерот и вештачко подигнување на тензиите со Софија (дури и до ниво на алармирање на НАТО), власта успешно го пренасочува вниманието од многу потешките прашања. На овој начин се избегнува суштинска дебата за блокираните евроинтеграции, застојот во реформите нотиран во извештајот на Европскиот Парламент и политичкиот ќор-сокак околу уставните измени.

Дајте да бидеме реални. Без оглед на тоа колку провладините коментатори ќе го оценат ова како „одбрана“ на Бугарија, мора да се соочиме со фактите. Оваа епизода открива колку лесно медиумската агенда може да биде киднапирана. Наместо да се бараат одговори за тоа како индивидуалец со тетоважа на Путин самостојно или организирано напаѓа амбасада на земја-членка на ЕУ и НАТО среде бел ден, македонската јавност се исцрпува со вештачки креиран конфликт околу едно приватно патување на премиеровото семејство кое се случило пред половина година. На долг рок, ваквото управување со јавниот дискурс и задушување на клучните прашања не само што ги цементира лошите односи со Бугарија, туку ја држи државата заглавена во дневнополитички препукувања, далеку од реалниот пат кон ЕУ.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ