• Latest

Конференција на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“ со учество на Претседателот Пендаровски, врвни експерти и лидери на граѓанското општество

November 29, 2019

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конференција на ЦИВИЛ „Меѓу стремежите и реалноста“ со учество на Претседателот Пендаровски, врвни експерти и лидери на граѓанското општество

November 29, 2019 13:11
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Започна конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ за успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, во организација на ЦИВИЛ.

На конференцијата говорат претседателот Стево Пендаровски, Сашо Орданоски, Мирјана Најчевска, Александар Кржаловски, Алберт Муслиу, Фани Каранфилова Пановска, Мерита Максути, Савка Тодоровска, Ибрахим Мехмети, Афердита Хаџијаха, Ленче Здравкин, Мерсиха Смаиловиќ, Дехран Муратов и Џабир Дерала.

Во воведното обраќање, Петрит Сарачини изјави дека дваесет години ЦИВИЛ зборуваат сами за себе.

„Наместо вообичаените коктели и прослави, славиме работно,  со ангажирани собири и настани. Како и секогаш, ЦИВИЛ е тука да биде платформа, преку која наши еминентни стручњаци, интелектуалци, уметници, активисти, заедно со институциите, низ различни форми на изразување, ќе изнесат видувања за предизвиците пред нас, но уште поважно, визии и решенија за наша заедничка, подобра иднина“, најавувајќи сите активности на Фестивал на слободата по повод 20 годишнината на ЦИВИЛ.

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека ЦИВИЛ е една од најактивните организации, кои 20 години активно ги брани човековите права во македонското општество.

„Во турбулентно време, ЦИВИЛ се обидуваше да понуди решенија за новите проблеми со кои се соочува нашето општество“, изјави Пендаровски

Тој додаде дека ЦИВИЛ има многу успешни проекти, како граѓанската повелба која е рефлексија на универзалната декларација за човекови права и дека со таа граѓанска повелба се потврдуваат правата и слободите кои ни припаѓаат на сите нас.

„Овие слободи се клучни за втората активност на ЦИВИЛ, а тоа е медиумската слобода, да придонесе за ослободување и охрабрување на граѓаните“, додаде Пендаровски.

Пендаровски додаде дека ЦИВИЛ дејствува од 2008 година во изборниот мониторинг и дека во изборниот систем ги вметнува напредните европски вредности.

Тој додаде дека ЦИВИЛ работи и на полето на екологијата во нашето општество и дека дава свеж моментум за зелената иднина.

„Граѓанскиот сектор им помага на граѓаните и помага во нашите напори за трансформација за напредна држава“, додаде Пендаровски.

„Граѓанскиот сектор во последните 20 години покажа развој и е на едно повисоко ниво, особено во последните 10 години, кога е оргинален, да, финансиран од странство, но покажа необична издржаност во притисоците кои беа агресивни“, изјави Сашо Орданоски.

Тој додаде дека повеќе не може да се води државата игнорирајќи го граѓанскиот сектор или да се делува без консултација за некакви решенија.

„Системот постои за луѓето, не обратно, и тоа ЦИВИЛ го прави, ви честитам 20 години постоење, нам ни недостасува овој капацитет кој ЦИВИЛ се обидува да го рашири“, додаде Орданоски.

Тој додаде дека прашањата за демократијата никогаш не се затворени, во ниедна држава.

„Невладиниот сектор во 20 години стана главна компонента во државата, невладините поставуваат прашања и нудат алтернативни решенија. Предизвик е популизмот и начинот на делување на политичките партии што се спортиставуваат на граѓанското движење“, изјави Најчевска.

Таа додаде дека граѓанскиот сектор мора да се развива и прилагодува и дека не смее да се откаже од искористување на политичките партии во остварувањето на своите интереси.

„По секоја цена, нема откажување од принципи од делување на граѓанското структуирање, да се престане да се почнува одново и одново туку цело време да се надоградува на она што граѓанскиот сектор што постигна“, додаде Најчевска.

„ЦИВИЛ постојано се развива и надоградува, според мене тие се профилираат како значаен фактор во подигнување на граѓанската свест и успеа на некаков начин да акомодира луѓе со широки сфаќања и размислувања“, изјави Најчевска.

„Сите кои се сметаме за активности, имаме должност да имаме вистински оргинал, да ги претвориме нашите стремежи во реалност да не одиме кон туѓи…  Во последните декади во дефинирањето на граѓанскиот сектор е посуфистициран, но треба да се поработи на критичкиот став кој во последно време го нема“, изјаив активистката Мерита Максути.

„Знаеме дека власта не сака критика, го видовме и притисокот кон невладиниот сектор, но сакам да бидеме на повисок ниво. Ме загрижува губењето на критиката. Ние треба да им правиме притисок на државата и институциите, а не обратно. Демократијата е сериозно зафатена со корозија и треба да се делува“, рече Максути давајќи еден осврт на граѓанското општество низ годините.

„Кога почнувавме да работиме немавме претстава што значи граѓанско општество, без да ја знаеме големата слика… Ако се навратиме 20 години назад, мислам дека граѓанскиот сектор беше на елементарно ниво на развој и се развиваше, но според мене главен проблем до пред 5-6 години е тоа што граѓанските огрганизации беа насочени да го работат она што го очекуваат од нив“, изјави Ибрахим Мехмети.

„Она што недостигаше беше тоа што немаше допир меѓу организациите и граѓаните. Тоа беше главниот проблем и имавме извонредни продукти, но на терен не се менуваше ништо. На граѓанските организации им се дава поддршка за она што го сакаат и сакаат да го прават, веќе имаме некакви резултати .Според мене, ЦИВИЛ е пример за организација, која има соработка со граѓаните, они тоа го правеа од самиот почеток, се исплати таква упорност во следење на својата агенда и тоа се гледа кај поддржувачите“, потенцираше Мехмети. 

„Од тоа што јас научив во овие неколку години на поблиска соработка со ЦИВИЛ е капацитетот на организацијата за мобилизација на граѓанките и граѓаните и скромноста… тоа го спознав низ работата со нив. Друга вредност на ЦИВИЛ е слободата на говорот“, истакна Александар Кржаловски.

„ЦИВИЛ е еден од оние партнери кои во многу битки опстојала. Граѓанското општество во целина во изминативе 20 год покажаа сериозна зрелост и посветеност во нивната мисија и визија, и тоа го покажаа во разни случки во нашата држава… Точно е дека изминативе две години се многу различни, од претходните, оние, 11 години и тоа влијаеше на граѓанските организации. Тие добија покана да учествуваат во важните решенија во институциите, тоа го имаме и тоа е постигнување“, истакна Фани Каранфилова Пановска, од Фондацијата отворено општество.

„Градење на сериозни врски на солидарност претставува пречка, кога ни беше најтешко бевме најсплотени. И се прашувам дали ни треба повторно таква закана, за да постигнеме таква солидаризација?, додаде на крајот Каранфилова.

„Ние се развивавме во непријателски околности… во 2001 година беше голем предизвик, но цивилниот сектор покажа дека е спремен да делува“, изјави Алберт Муслиу.

„Невладиниот сектор треба да биде и душевно задоволство, има луѓе кои сакаат да го работат тоа, Невладините немаат некој мотив позади својата професионалност, но се трудат најдоброто да го покажат она што ги мотивира и ги придвижува… Предизвиците на невладиниот сектор е кога не се пронаоѓаме себе, ние не сме претставници на граѓаните, ние сме свеста“, додаде Муслиу.

“Сметам дека нивото на демократичност во една држава зависи и од граѓанскиот сектор. Невладини организации зависат од средства на донаторите, кои бараат висока професионалност во самата работа, не е лошо, но тоа тешко се поврзува со активизам“, истакна Афердита Хаџијаха.

„Работата на граѓанскиот сектор би ја претставила низ работата на ЦИВИЛ, и откога созреа цврсто на нозе, мене ми помогнаа во мојата работа“, изјави Ленче Здравкин, по чија инцијатива и заедничка соработка со ЦИВИЛ преку акција со донации ќе им помогне на настраданите во земјотресот во Албанија.

Сите граѓанки и граѓани кои сакаат да донираат ќе можат да го направат тоа во Музејот на Град Скопје од 13 до 15 часот, додека трае настанот на ЦИВИЛ.

„За мене предизвик е зошто сега донации нема на женското движење, а тоа е затоа што имаме најмногу успеси. ЦИВИЛ е прв да не заборави да каже граѓанки и граѓани, организацијата никогаш не заборава дека жените се еднакви чинители во општество. Нема активизам без активистки и активисти без да го спроведат тоа на терен“, изјави Савка Тодоровска.

„За мене ЦИВИЛ е простор каде слободно ги искажувам своите мисли, немало цензура, бројни емисии, интервјуа, место за отворена мисла Во најтешките моменти во мојот активизам, мислев да напишам на социјалните мрежи, но почнав да пишувам за ЦИВИЛ и осознав дека повеќе допира оттаму. Во секое време постои време на игноранција и дискриминација, но ЦИВИЛ е платформа што ќе ти помогне да ги носиш вреќите кои се како товар кои доаѓаат или ќе ти го расчисти патот. Останете тоа што сте, достапни и уникатни за сите нас“, изјави Мерсиха Самиловиќ. 

„Останува да кажам дека предизвик ќе ни биде нацизмот и фашизмот кој има забрзан раст. Тука сме и институциите да не слушнат, ние сме тука да викаме за оние маргинализирани групи. ЦИВИЛ ги расчистува мините на патот, за да може некој да помине. ЦИВИЛ се тие кои им помогнаа на студентите да излезаат на протести, кога им беше забрането“, изјави Дехран Муратов.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ