• Latest
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026 12:19
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборуваше за состојбата со здравствената заштита, достапноста на терапијата и медицинските помагала, превенцијата и правата на лицата со дијабетес.

Иако во изминатите години се забележува напредок во достапноста на современата инсулинска терапија и медицинските помагала, пациентите и понатаму се соочуваат со прекини во снабдувањето, тешкотии при закажувањето специјалистички прегледи и различни форми на стигматизација и дискриминација. Велев посочува кои се најголемите предизвици и кои конкретни промени ги очекува Сојузот од здравствените институции.

ЦИВИЛ Медиа: Во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, како ја оценувате состојбата со здравствената заштита и квалитетот на животот на лицата со дијабетес во Северна Македонија?

ВЕЛЕВ: Во однос на нивото на квалитетот на животот кај лицата со дијабетес, треба да потенцираме дека во државава, во изминатава речиси деценија, тој е подигнат на солидно европско ниво, би рекол просечно европско, затоа што имаме современа инсулинска терапија за секое лице со дијабетес за кое медицината индицирала дека му е потребна. Конечно, имаме современи глукомери за мерење гликемија, како и CGM-системи, односно сензори, за сите млади до 25 години со тип 1 дијабетес и за трудниците со гестациски дијабетес, вклучувајќи и дел од лицата со тип 1 дијабетес со дијабетична ретинопатија и висок процент на висока ампутација. Дополнително, лицата со тип 2 дијабетес со интензивирана терапија и компликации имаат антидијабетна терапија за превенција од ширење на компликациите.

ЦИВИЛ Медиа: Недостигот и доцнењето на терапијата, сензорите и медицинските помагала со години предизвикуваат неизвесност кај пациентите. Каква е состојбата денес, какви последици имаат овие прекини врз здравјето и секојдневието на луѓето и кој треба да понесе одговорност за повторувањето на овие проблеми?

ВЕЛЕВ: Да, вака поставено прашање го отсликува реалниот живот на нас, лицата со дијабетес на инсулин, со дополнително зголемени предизвици кај лицата со тип 1 дијабетес кога доцни или недостига инсулинска терапија, сензори, па и глукомери.

За разлика од пред само три години, кога гласно кажувавме дека НЕМА, денес недостигот опфаќа многу помал број пациенти и трае краток период, од неколку денови до две недели. Но, за нас и тој недостиг е ризик-фактор за брз развој на стрес, неизвесност и компликации.

Во однос на можното решение, клучен носител е Министерството за здравство, за што ние предлагаме оваа надлежност да се префрли во Фондот за здравствено осигурување, како што е случајот во сите европски и развиени држави. Така многу поедноставно ќе се менаџира процесот на дистрибуција и навремено обезбедување достапни терапии и помагала за секое лице со дијабетес, во аптеката најблиску до местото каде што живее.

Сега секој од нас оди само во една инсулинска аптека, кои се наоѓаат во болниците или здравствените домови во градовите. Секако, оваа промена или трансформација треба да ја менаџира здравствениот систем со високо внимание од Националната комисија за дијабетес, која е стручно-научно тело на министерот за здравство.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се достапни специјалистичките прегледи, современата терапија и редовната здравствена контрола за лицата со дијабетес? Дали има разлики меѓу Скопје и другите градови, како и меѓу граѓаните со различни економски можности?

ВЕЛЕВ: Достапност со прегледи според „Мој термин“ нема, не само за нас, туку за сите хронични болести. Мислам дека тоа е најхроничната лоша состојба во здравството, ако говориме за превенција и навремени третмани!

За едно лице со дијабетес секоја контрола е суштински важна. Дополнително, контролата на можните компликации – кардиолошки, нефролошки, офталмолошки и невролошки – е од животно значење. Навременото индицирање на развој на компликација е превенција за здравјето и добрата состојба на лицето со дијабетес.

Таквата контрола и навремената реакција со минимална терапија значат нормален живот и во семејството и во заедницата. Наместо тоа, ширењето на компликациите не само што ги оптоварува домашните буџети, туку предизвикува и големи трошоци за здравствениот буџет.

Затоа, овој предизвик мора да продолжи да се решава со поинаков начин на закажување и одење на прегледи, и во Скопје и во целата држава. Се прават промени, особено во местата со клинички болници – Штип, Битола и Тетово, но што е со периферните и оддалечените места, со пациентите на кои им треба половина ден за да стигнат до Скопје или Битола?

Ние сега немаме одбивање на прегледи кај дијабетолози и на Ендокринологија, но имаме проблем со закажување прегледи на другите клиники, притоа зборувам за нормално закажување, без врски и ургенции.

Затоа, едно од поважните прашања во првата половина на оваа година беше нашето барање за промена на овој систем. Дури и во Скопје нема некоја разлика во пристапот, освен што пациентите од Василево или Трпејца мораат да издвојат дополнителни, често огромни патни трошоци за да стигнат до Скопје.

ЦИВИЛ Медиа: Колку здравствениот систем вложува во навремено откривање на дијабетесот, превенција на компликациите и едукација на населението? Што треба да се промени за здравствената заштита да биде насочена кон превенција и долгорочна грижа, наместо кон справување со последиците?

ВЕЛЕВ: Влогот од страна на науката и докторите е сериозно добар. Покрај тоа што при прегледите даваат совети, тие ни се достапни и за едукативни работилници во локалните средини, специфични едукации и слично.

Сега веќе и семејните лекари, или поточно матичните лекари, по протокол се должни да вршат едукација. Тие добија надлежност да го следат дијабетесот тип 2 во основа до инсулинска терапија, за која мора да го упатат пациентот кај специјалист.

И ние, како пациентски здруженија, континуирано вршиме едукација, издадовме неколку прирачници за исхрана и физичка активност и се трудиме заедно со расположливиот медицински кадар – сестрите – да едуцираме.

Она за што здравствениот систем мора да најде решение е да ги врати улогите на дијабетолошките сестри во центрите за дијабетес, каде што ќе се вршат примарната едукација и превенцијата на дијабетесот.

ЦИВИЛ Медиа: Дијабетесот не е само медицинско, туку и прашање на човековите права и социјалната правда. Со какви облици на дискриминација, стигматизација или социјална и економска исклученост се соочуваат лицата со дијабетес, особено децата, младите и ранливите категории граѓани? Дали институциите доволно ги препознаваат и штитат нивните права?

ВЕЛЕВ: Говориме постојано и се бориме против стигмата за дијабетесот, дека тоа не е заразна болест или нешто лошо, но, за жал, таа постои, пред сè во семејниот живот. Имаме семејства кои не сакаат никој да знае дека нивното дете има шеќерна болест. Тажно е. Но, полека се навикнуваме како општество и стигмата се намалува.

Но, социјалните права не ги опфаќаат лицата со дијабетес тип 1 или лицата на инсулин. Сè уште има одбивање за прием на работни места или отпуштање откако работодавачот или директорот ќе дознае дека лицето има дијабетес. Законски нема основа за тоа, но наоѓаат друг изговор и ги отпуштаат.

Досега, јас знам за над 10 случаи на млади со тип 1 дијабетес кои по хипогликемична состојба биле отпуштени, но со сосема друга причина. За жал, не можеме да реагираме.

Искрено, во 2023 година, во едно од помалите места во државава, по увид од трудова инспекција, со спогодба со работодавачот, на работа беше вратен еден млад работник. Други случаи не знам, ниту мислам дека има, затоа што едноставно нема основа врз која би можеле да постапуваме.

Дискриминација постои, тоа некако ни е во општеството прифатено како „нормално“. Нема доволно антидијабетна терапија за сите дијагностицирани, нема доволно интервенции кај компликациите бидејќи бројот е лимитиран и слично. Но, со ова се соочуваме и ние, и веќе со Министерството за здравство и ФЗОМ бараме решенија.

ЦИВИЛ Медиа: Националниот форум најавува дијалог меѓу институциите, здравствените професионалци и пациентските организации. Кои три конкретни и итни промени ги бара Сојузот од надлежните институции? Какви обврски, рокови и механизми за одговорност очекувате, за форумот да донесе вистински резултати, а не само уште една декларација за добри намери?

ВЕЛЕВ: Ха, интересно е како нагласувате три главни прашања! Да, ние на овој форум очекуваме од здравствените власти и Клиниката да слушнеме какви ќе бидат обврските и решенијата за задржување на современата инсулинска терапија, која ја имаме долги години и која дава прекрасни резултати. Таа треба да остане бесплатна во Министерството за здравство за сите на кои им е потребна, особено за лицата со тип 1 дијабетес.

Второ, транзицијата кон референтни цени на современите помагала – глукомери и зголемен број ленти за мерење гликемија, како и сензори.

Трето, современата антидијабетна терапија да премине во ФЗО на позитивната листа и да биде достапна за сите пациенти.

Од разговорот со Димче Велев произлегува дека, и покрај напредокот во достапноста на современата терапија и медицинските помагала, остануваат сериозни предизвици во секојдневниот живот на лицата со дијабетес. Навременото снабдување со терапија, подобриот пристап до специјалистички прегледи, јакнењето на превенцијата и заштитата од дискриминација се прашања што бараат континуирано институционално внимание.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, утре, Светскиот ден на дијабетесот, организира Национален форум посветен на унапредувањето на здравствената грижа, остварувањето на правата и подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со дијабетес во Македонија.

Барањата на Сојузот на здруженија на дијабетичари се насочени кон конкретни системски решенија што ќе обезбедат сигурност, еднаков пристап до здравствена заштита и подобар квалитет на живот за сите лица со дијабетес.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.


Преобјавување е дозволено само со наведување на изворот – ЦИВИЛ – и активен линк до оригиналната објава | ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ