• Latest

Македонските ученици на 67 место на листата на ПИСА

December 3, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските ученици на 67 место на листата на ПИСА

December 3, 2019 10:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Секој четврти ученик во земјите членки на ОЕЦД не може да ги извршува наједноставните задачи во разбирањето на читањето, што значи дека веројатно ќе има проблеми да успее во се повеќе нестабилниот и дигитален свет.  Ова е едно од наодите од последното Глобално истражување ПИСА на ОЕЦД, кое ги проценува квалитетот, правичноста и ефикасноста на училишните системи. Во студијата е опфатена и нашата земја, многу ниско на ранг листата, иако таа е меѓу земјите кои постигна најдобри резултати од студијата направена во 2018, а објавена денес во споредба со таа од 2015, јавува дописникот на МИА.

Околу 600 000 15-годишни деца во 79 земји и економии ги поминаја тестовите ПИСА 2018 во читање, наука и математика, повеќето од нив се компјутерски, додека во Севрна Македонија тие беа писмени тестови. Акцентот овој пат беше ставен на разбирањето на читањето.

Учениците од Северна Македонија се на 67-то место на листата на ПИСА, од нашиот регион само учениците од Косово се подолу, додека сите други имаат подобри резултати.

Повеќето земји, особено развиените, бележат мало подобрување во текот на изминатата деценија, и покрај зголемувањето на трошоците за образование од 15% за истиот период. Во читањето, студентите во Пекинг, Шангај, Жиангсу и Бjеџијанг (Кина) и Сингапур постигнаа значително подобруи резултати од оние во другите земји. Водечките земји на ОЕЦД се Естонија, Канада, Финска и Ирска.

-Без здраво образование, младите луѓе ризикуваат да останат на маргините на општеството, не можат да се справат со предизвиците на утрепниот свет на трудот  и нееднаквостите ќе продолжат да се шират“, предупреди Генералниот секретар на ОЕЦД, Ангел Гурша, по повод презентацијата на извештајот во Париз, отворајќи ја дводневна конференција за иднината на образованието, додавајќи:

-Секој долар потрошен на образованието генерира значителни придобивки во однос на социјалниот и економскиот напредок и помага во градењето на инклузивна и просперитетна иднина за сите.

Постојат значителни разлики во тоа како перформансите на некои земји и економии се развија во периодот помеѓу 2015 година и 2018 година. На пример, просечните перформанси во математиката се подобриле во 13 земји и економии меѓу кои и во Република Северна Македонија.

Просечно македонските ученици добиле 393 поени за разбирање на читањето – средната оценка на ОЦДЕ е 487, 394 за математика а средната оценка на ОЦДЕ е 489 и 413 за наука под средната оценка на ОЦДЕ од 489.

Споредба на перформансите на земјите и економиите во разбирањето на читањето осум земји се со просечни оценки под просекот на ОЕЦД (Саудиска Арабија, Аргентина, Јордан, Либан, Молдавија, Република Северна Македонија, Романија и Украина) во 2018 година.

Постојат значителни разлики во начинот на кој се менуваат резултатите на некои земји и економии меѓу 2015 и 2018 година. Така, просечното разбирање во читањето е зголемено во 4 земји и економии меѓу кои и во Република Северна Македонија, притоа нашата земја е меѓу земјите каде резултатот за читање односно разбирање на текст нагло и најмногу се зголеми за 41 поен, ) за споредба во Турција  тоа е 37 поени, но исто и во Макао (Кина) и Сингапур (помеѓу 10 и 20 поени).

Во просек, во земјите на ОЕЦД, резултатот не се промени значително во математиката или науката помеѓу 2015 година и 2018 година. Во математиката, резултатот се намали во само 3 земји и економии (во Малта, Романија и Кинески Тајпеј), но се зголеми за повеќе од 10 поени во 11 земји и економии (во Албанија, Јордан, Латвија, Макао [Кина],Црна Гора, Северна Македонија, Перу, Полска, Катар, Словачка Република и Турција). Тој особено се зголеми во Турција (33 поени), Албанија (24 поени) и Северна Македонија (23 поени).

Во науката, зголемувањето на просечните оценки е многу поретко. Помеѓу 2015 и 2018 година просечната оценка се зголеми за повеќе од 10 поени во само четири земји и економии: Турција (43 поени), Северна Македонија (29 поени), Јордан (21 поен) и Макао (Кина) (15 поени).

Просечното знаење на учениците значително се зголеми во 2 од 3-теобласти во текот над проценките на ПИСА во 12 земји и економии: во читање и математика во Естонија, Израел, Црна Гора, Полска, Романија, во Руската Федерација и во Србија; по математика и наука во Грузија, Малезија, Република Северна Македонија и во Турција; и во разбирањето на читањеи наука во Сингапур.

ПИСА ги идентификува и државите што постигнале значителен напредок во постигнувањето на целта на да се осигура дека сите деца имаат минимално ниво на владеење во читањето и математиката на крајот од првиот циклус на средното образование. Во разбирањето на читањето, процентот на учениците кои го надминале нивото на минимална компетентност се зголеми за повеќе од 10 процентни поени во Република Молдавија, Република Северна Македонија, Перу и Катар; а во математиката, таа се зголеми во споредлива мера во Албанија, Малезија, Црна Гора, Перу и Катар.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ