Откако претходно Комисијата за избори и именувања го поништи огласот за нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Собранието пред 5 дена донесе одлука за објавување на нов. При изборот на составот на Комисијата, четири члена се избираат со мандат од пет години, а три члена со мандат од три години со право на повторен избор.
Огласот трае 30 дена по неговото објавување. Ако овој пат огласот помине успешно до средината на јануари следната година, евентуалното именување на новите членови ќе влезе во период на техничка влада.
Оваа институција од средината на август е нефункционална, бидејќи на поранешниот претседател Александар Даштевски и останатите членови им престана мандатот.
П. Клинчарски