• Latest

Лазова: Уште чекаме правдата да излезе на виделина

December 22, 2019
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Лазова: Уште чекаме правдата да излезе на виделина

December 22, 2019 10:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лидија Лазова, случај „Калдрма“ на 2 декември 2011 година, беше приведена со 86 вработени на кои веднаш им беше одреден притвор. На денешната панел дискусија „Жртви на режимот -сведоштва и слики“,  во органзиација на ЦИВИЛ, низ солзи ја раскажа својата  голгота ов битолскиот затвор и во Идризово.

„Во Битола бевме испратени 20 колеги, а во една од двете самници бев сместена јас. Самицата беше мала и имаше само простор за железен кревет и ВЦ, внатре беше влажно и студено, имаше и една сијалица колку една свеќа да свети. Барав од командирите повеќе светло да можам барем да читам. По еднаш неделно се бањавме, само по 2-3 круга ќе свртевме во дворчето и веднаш не враќаа назад.

Ги слушав и машките колеги како плачат и липаат во ќелиите. Морав да издржам, сама си реков дека ќе излезам надвор, на слобода.

Храна не ни дозволуваа да носиме од дома, јадевме од затворската храна, често повраќав. Неколку пати се онесвестував, но никој не реагираше, имаше само еден доктор и толку. Докторот само ти ја даваше терапијата, а единсвена корист од тие прегледи беше што можев да спијам.

Имаше еден командир што им наредуваше на полициските службеници да ми донесе шише топла вода да ми се стоплат рацете. Во мраз издржав 93 дена. Им бев поттик на колегите да издржат.

При туширање паднав се онесвестив, па ме однесоа во болница, не можеа да ми дадат инфузија бидејќи дехидрирав. По операцијата со мене имаше 4 командири. При операцијата ми ставија 4 штрафови, кои ден денес ги носам. Моите не ги пуштија ниту на посета. По операцијата ме пуштија во домашен притвор, но не можев да се движам.

Судот не ми дозволи да одам на банско лекување, судијата се смееше и ми рече „Сакате да одите на бања, да не сакате и спа ценатар да ви дадеме!“

На судењето сите 86 лица бевме осудени за злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување.

Потоа бев префрлена во затворот „Идризово“, и наместо во отворениот дел, тие не префрлија со една колешка во затворенипот дел, да ја отслужам казната.

Во затворот имаше само еден телефон, и во рок од 2 саата требаше околу 80 жени да го користиме телефонот да се јавиме дома.

Откако заврши казната, сите се осеќавме како да сме заробени иако сме на слобода. Многу бракови се растурија, дури и јас останав сама. Не можам сега да работам поради повредата во колкот.

Видовме дека Владата презема некакви мерки за сите, освен за нас кои бевме жртви на режимот. За нас нема ништо направено и ние уште чекаме на правда и правдина“, раскажа Лазова.

Во случајот „Калдрма“ обвинетите заработија затворски казни од 8 месеци до 6 години и сите 86 беа прогласени за виновни.

Д. Муратов

Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоски и Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ