• Latest

Хајредини: Техничката влада има задача да води предизборна кампања

January 13, 2020

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Хајредини: Техничката влада има задача да води предизборна кампања

January 13, 2020 14:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Годината стартуваше со формирање на техничка влада како резултат на закажаните предвремени парламентарни избори за 12 април 2020, а според Пржинскиот договор.

Ова се втори предвремени парламентарни избори, по Пржинскиот договор, а овој состав на техничката влада од првиот ден офанзивно тргна кон дискредитирање на досегашната работа на Владата, предводена од Зоран Заев.

На оваа тема разговаравме со Џевдет Хајредини, кој даде свој осврт на она што може да очекуваме во следниот период од овој состав на Владата и како тоа ќе влијае на изборите.

„Првите знаци од нивното однесување по преземање на должноста ни зборуваат за нешто крајно чудно, несфатливо и без преседан. Помниме која е интенцијата, целите и задачите и делокругот на овие таканаречени технички влади за да функционираат претходните 100 дена од денот на изборите. Од искуството што го имаме, ваквото однесување кога ситуацијата беше обратна, кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ, а техничката ја формираше СДСМ, немаше вакво однесување. Однапред може да се открие нивната намера. Не им е целта фер и демократски избори и да нема злоупотреби на изборниот процес. Министри и заменици министри при прво влегување во канцелариите веднаш пред јавноста да се појават со информации дека откриле големи криминали, тоа е крајно несфатливо. Од првиот ден имаа цел да започне предизборната кампања во корист на партијата што ја претставуваат. Вниманието на јавноста да се сврти околу криминалите. СДСМ во тоа време (2016), дојдоа откако цел свет и цела Европа се изначуди зошто Македонија дојде до Пржино. Поради откриен масовен криминал. Нивните технички министри и заменици министри не излегоа од првиот ден со такви откритија иако беа познати и аудио снимките и тајното снимање…

Овие сегашниве од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат како досега во континуитет тие да имале инсталирани информатори во министерствата, што снимале и бележеле и од првиот ден на техничка влада им презентирале на новите министри од опозицијата. Тоа се луѓе што останаа од порано пред промената на власта. Оваа можност не ја исклучувам, затоа што се знаат забелешките кон оваа влада на Заев, дека не изврши никакво чистење на државната администрација од потенцијалните противници. Ова се прави премногу наивно. Не работат тоа што им е работа, туку спроведуваат конкретни задачи – јавноста да ја бомбардираат со наводни спектакуларни негативни однесувања на претходната влада.  Мислам дека нивната улога е веќе компромитирана. Од нив државата не треба да очекува никаква помош и придонес, тие немаат намера да придонесат за објективни и демократски избори.

Од овие избори независно од епилогот не треба да се очекува никаква стабилизација на политичката состојба во Македонија. Премногу се ВМРО –ДПМНЕ и ДУИ оптоварени да не дојде до ситуација на некои коренити промени во структурата на правосудството за да сите тие што се обидуваат сега да се покријат со скандалот со Рекет, да се расчисти со судиите кои служеле и уште служат на ВМРО и на ДУИ, останат безбедни, инаку во спротивно ќе завршат во затвор. Нема да им биде лесно на албанските опозициски партии да се соочат на изборите со противник која ако не е на власт се знае дека треба да биде во затвор.

Оваа ситуација ги прави неизвесни изборите и периодот по изборите. Тие очекуваат, по секоја цена, да не дојде до повторно актуелизирање на сите криминали што ги правеле па сакаат сите тие предмети што веќе биле во СЈО сите да се поништат. Доколку дојде до тоа може да очекуваме повторно вклучување на странскиот фактор во нивно решавање, како што беше во 2015 година“, објасни Хајредини.

Б. Јордановска

Камера: Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ