Во Глобус е доста пишувано за трговијата со марихуана која во тежина од најмалку седум тони дошла со илегален транспорт од земјава во Србија. Првата транша од два тони се случила во август минатата година и за неа говореше министерот за внатрешни во Србија, инаку лидер на тамошните социјалисти – Ивица Дачиќ. Инаку таа беше тајна како во Србија така и во земјата на потеклото. Функционерот го спомена името на само едно лице, Македонец кој живее во земјата на испорака кој ја растурил марихуаната главно низ Белград. Голем град и троши многу од „тревата“. Кај нс комплетен молк и не се случи нешто како пројава на интерес или барем љубопитност од каде потекнала марихуаната, кој ја пренел и кој стои зад крупниот бизнис.
ОНА КОГА ДАЧИЌ СЕ ИСТРЧА Втората транша била поамбициозна (што да се ризикува со помали пратки, кога врската е воспоставена и е безбедна за криминалците) – се пренела дрога за време на годинешна прослава на Василица, токму на полноќ и таа заминала со наши камиони во селото Коњух крај Крушевац. И со акција на полицијата истата е пронајдена и обзнанета. Но место награда успедила казна за оние кои ги спречиле „траварите“ во нивните планови.
За ова пишува неделава, непосредно пред неделните парламентарни избори порталот „Крик“. Тој објави писмо што полицајците го испратиле до српскиот премиер Ѓуро Мацут, во кое тврдат дека еден ден по акцијата, во која е запленета историска количина на марихуана, биле сменети раководителите на службата и дека тие и нивните семејства биле изложени на притисоци. Писмото го потпишале 13 полицајци, кои побарале средба со премиерот. Тој до денес не им одговорил на барањата. Инаку, 15 раководители на Службата за борба против дрога при српската Управа за криминалистичка полиција биле преместени на други позиции по заплената на петте тони марихуана од Македонија тврди српскиот истражувачки портал „Крик“ со јасни бовинениај на оштетените државни службеници.
ОТПУШТАЊА ЕДЕН ДЕН ПОСЛЕ ОТКРИТИЕТО „Еден ден по заплената започна уништувањето на службата, при што беа разрешени началникот на службата, заменик-началникот на службата, началниците и замениците во сите четири одделенија на службата, како и пет раководители на одделенија. По нашите отпуштања, започнаа притисоци и отпуштања врз нашите сопруги кои се вработени во Министерството за внатрешни работи, како и разни видови притисоци“, се наведува во писмото што полицајците го испратиле до српскиот премиер Мацут.
„Крик“ пишува дека запленетата марихуана била пронајдена на имот на локален функционер од владејачката СНС. Да нема забуна, сопствениците на објектот каде е најдена марихуаната биле шокирани од уапдот на полицијата и бартале да се повика „Бата Гашиќ“. За оние кои не знаат тоа е министерот за одбрана Братислав Гашиќ. Тој е човекот од врвна доверба на човекот кој се‘ и сешто во Србија – Вучиќ, кој него го врти по најважните функции во земјата, за што тој поседува врвна одговорност ама истовремено има о моќ да штити и изведува неказнето тајни операции.
ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ПРИЗНАА ВИНА: Македонскиот товар за овој криминал беше јавно разголен, но тој никако не и расветлен а уште помалку и казнет. Српските медиуми, оние ензависните често истакнуваа дека само македонските власти можат да ја расчистат аферата ама секако тие не живеат кај нас.
Екипата на Вучиќ најпрвин се обиде да ја обвини претходната власт за тоа дека е поврзана со овој криминал. Најпрвин за давање на дозволи за одгледување на марихуана во медицински цели на сомнителни фирми. Но, се покажа дека првите дозволи за оваа намена па и на клучната во целата афера ја дал министерот за здравство во мај 2017 година, непосредно пред предавањето на власта на коалицијата СДСМ-ДУИ.
Работите што се прават во последен миг секако се и најиндикативни.
Кога се виде дека тезата на актуелните властодршци им пропаѓа се тргна во обид низ наводно пошироки акции да се бараат прекршители на правилата за работа на фирмите со дозвола (со посебен акцент на оние во Струмица и околината, да не откриваме зошто таму). Беа запленети многу количества од оваа материја, со многу фанфари, се открија методите и извршителите за пренос на забранетиот товар, дури во детали (секако со странска помош, која „гледа одозгора“), но не се чепна во оние државни органи кои се битни за таквата „трансверзала“ како Министерството за здравство (одоговорно за контрола на производството во посетените фирми), царинските и полициските служби. Оние кои решиле да слават и Стара нова година. Јасно е што значи ова. Дека нема да има ништо од вистинската одговорност.
Шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија доби само симболична пресуда на шоферите! Тоа беа двајца кои ја признаа вината и добија затворски казни од три години и шест, односно три години и осум месеци. Пресудите против нив беа донесени на 10 август, среде лето, кога концентрацијата на медиумите и онака е речиси на нула.
УАПСЕНИТЕ СЕ ВЕРОЈАТНО ПУШТЕНИ ОД ПРИТВОР По случајот, ОЈО ГОКК инаку отворило истрага против шест лица, од кои споменавме само двајца признале вина. Во Србија беа уапсени четворица по овој случај. Еден од нив е Иван Драгниќ а со него уште тројца негови сограѓани. Станува збор за „АЛПХАПХАРМ ГРОУП“ ДОО Скопје, основана во 2023 година, со основна главнина од 529.050 евра. Осомничените се товарат за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Но не чувме дали имало судење. Првите пресуди би требало да се поттик за забрзвање на процесите. Во меѓувреме може да им истекнал и притворо, бидејќи ако нема обвинение нема ниоту таков вид на мерка за нив.
Инаку Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е објавен во Службен весник на Република Македонија 27.12.2017 година а пд тпгаш до стартопт на активностите на истрагата по споменатат афера во почетокот на февруари Владата донела одлуки за давање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели за 61 правно лице а потоа во текот на акцијата дозволите се одземени на 14 од нив. Фирмата на Драгниќ не работела добро – официјално била во загуба!
И така отидоа седум тони марихуана, а ако победидосегѓниот претседател Вучиќ секако ќе преживе и Гашиќ и неговиот бизнис.
Љ. Костовски /Глобус












