• Latest
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026 10:03
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници ученици, студенти и просветни работници излегоа на улиците во десетици грчки градови, барајќи поголеми инвестиции во јавното образование, повисоки плати, побезбедни училишта и достапно студентско домување.  Според извештаите на медиумите, демонстрации беа организирани и во Солун, Патра и други градови низ земјата.

Францускиот весник Ле Монд, повикувајќи се на полициски процени, објави дека околу 20.000 луѓе протестирале во приближно 50 грчки градови.  Според грчкиот медиум Катимерини околу 10.000 протестирале само во Атина.

На протестите беа истакнати пароли со кои се поврзуваат барањата на грчките студенти со протестните движења во други европски земји. Меѓу пораките беа „Да студираме или да преживееме?“ и повиците за поголема поддршка на бесплатното јавно образование.

Едно од главните барања на студентите е обезбедување достапно сместување. Високите кирии, недостигот од студентски домови и ограничената финансиска поддршка им отежнуваат на младите да студираат надвор од местото на живеење.

На 20 октомври, студенти поставија шатори на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент во Атина, за да го привлечат вниманието кон станбената криза. Со оваа акција тие порачаа дека трошоците за домување стануваат сериозна пречка за пристапот до високо образование.

Студентите бараат зголемување на финансиската помош за домување, повеќе места во студентските домови, подобрување на постојните сместувачки капацитети и мерки за ограничување на растот на кириите. Дел од нив бараат месечната помош за домување да достигне 500 евра, како и бесплатни учебници и подобар пристап до студентски оброци и превоз.

Во изјави пренесени од медиумите, студентите укажуваат дека постојната помош не е доволна за покривање на реалните трошоци за кирија, особено во големите универзитетски центри.

Протестите беа придружени и со штрајк на просветните работници. Федерацијата на наставници во основното образование (DOE) повика на 24-часовен штрајк, додека Федерацијата на наставници во средното образование (OLME) најави синдикални активности.

Наставниците бараат повисоки плати, пополнување на испразнетите работни места, подобри услови за работа и поголеми инвестиции во јавниот образовен систем. Меѓу приоритетите се и безбедноста на училишните згради, подобрата инфраструктура и поголемата поддршка за учениците.

Синдикатите сметаат дека недостигот од кадар, недоволното финансирање и несоодветните училишни услови не можат да се решат само со привремени мерки. Тие бараат долгорочна политика што ќе обезбеди доволно персонал, современа инфраструктура и пристапно образование.

Демонстрациите во Грција се надоврзуваат на протестните движења во Франција, Италија и Албанија, каде што високите трошоци за живот, незадоволството од јавните услуги и условите за младите се меѓу главните причини за мобилизација.

Во Грција, протестите се одвиваа под засилени безбедносни мерки. Според „Катимерини“, околу 3.000 полицајци биле распоредени во Атина, а 21 лице било приведено на информативен разговор, без веднаш да бидат пријавени апсења. Протестниот марш во главниот град поминал мирно, без пријавени поголеми инциденти.

За грчката влада, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис, овие демонстрации претставуваат притисок да одговори на барањата за подобри услови во образованието и поголема финансиска поддршка за младите.

Б. Ј.


Дознајте повеќе протестите ширум Европа: 

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ