поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
НЕМА ЕКОНОМСКА ГОДИНА ДОДЕКА КРИМИНАЛЦИТЕ СЕ НА СЛОБОДА
Не е точно дека било која година може да биде економска, сѐ додека на власт имаме луѓе кои одамна требаше да бидат во затвор и кои живеат во страв во секој момент да не им експлодира некоја „бомба“.
КАЈ СЕ ГЛАВНИТЕ КОЧНИЧАРИ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИИТЕ?
Не е точно дека главен кочничар за проширувањето на ЕУ е Франција. Главните кочничари се тука кај нас. Секој ден ги гледаме.
РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АЛБАНСКИОТ ТЕАТАР И СКОПЈЕ 2014
Одамна ќе беше завршена реконструкцијата на албанскиот театар на Бит Пазар, да беше дел од проектот „Скопје 2014“.
АПСУРДНА СИТУАЦИЈА
Апсурдна ситуација: Граѓаните на Македонија очекуваат државата од криза да ја извадат тие што во криза ја втурнале.
ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ НЕМА ДА ЈА ИЗВАДАТ МАКЕДОНИЈА ОД КРИЗА
Ниту предвремените избори нема да ја извадат Македонија од криза, во која ја доведоа ВМРО и ДУИ во текот на заедничкото владеење, доколку виновниците не завршат во затвор.
ГРУБА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА И ДЕМАГОГИЈА
Груба партиска пропаганда и демагогија е пред избори да ветуваш дека ќе се изградат училишта во Мала Речица и село Блаце.
Заев и Теута и пред последните избори, без трошка срам, излажаа дека парите за училиштето се обезбедени во буџетот за 2018 година. Каде завршиле овие пари, никој не знае. Се знае само дека Теута победи и со гласовите на Љубе Бошковски.
Ветувањето дека ќе се изгради училиштето во село Блаце, со што ќе се гордее и „големата мајка“, не е за коментар.