• Latest

Делегацијата на Северна Македонија без доволен број на жени, акредитацијата оспорена

January 28, 2020

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Делегацијата на Северна Македонија без доволен број на жени, акредитацијата оспорена

January 28, 2020 08:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Акредитивите на девет делегации во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) беа оспорени од различни причини на отворањето на зимската пленарна сесија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

За шест од  делегации (Северна Македонија, Полска, Португалија, Сан Марино, Шведска и Швајцарија) оспорувањата се однесуваат на правилото на Собранието за родова рамнотежа, што предвидува дека националните парламентарни делегации мора да „имаат ист процент на членовите на недоволно застапениот пол барем еднаков на оној што е присутен во нивните парламенти и, минимум, еден член на недоволно застапениот пол назначен како застапник“.

Актуелниот состав на Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но, во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само две се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Сепак, тоа не е доволно, делегацијата да биде акредитирана.  

За две други делегации (Молдавија и Шпанија), оспорувањето се однесува на правилото за политичка рамнотежа, што предвидува дека делегациите „мора да бидат составени на таков начин што ќе се обезбеди правична застапеност на политичките партии или групите што постојат во нивните парламенти“.

Акредитивите на националната делегација на Руската Федерација се оспоруваат од суштински и од формални причини. Суштинското оспорување се однесува на неодамнешниот предлог за промена на уставната рамнотежа помеѓу домашното и меѓународното право, како и ситуацијата во Грузија. Формалниот предизвик се заснова на фактот дека гласовите од окупираната територија на Крим беа земени предвид за изборот на рускиот парламент и дека одредени членови на руската делегација во моментот подлежат на санкции од Европската Унија

Оспорувањето на акредитивите на руската делегација од значителни причини ќе биде предмет на дебата во Собранието во среда попладне, врз основа на извештајот на Комисијата за следење на обврските земји членки на Советот на Европа. За сите други делегации, меѓу кои и таа на Северна Македонија, Комисијата за правила ќе го достави своето мислење до Претседателот, за што нема да се расправа во пленарна форма, доколку комисијата заклучи дека овие овластувања треба да бидат одобрени.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ