• Latest

Динамична еволуција наместо судска револуција

February 24, 2020
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Динамична еволуција наместо судска револуција

Нешто сепак се придвижува. Правдата како почнува да се тркала. Засега можеби уште многу незабележливо. Уште само се препелка во судските сали. Уште бавно и без посакуваните судски завршници. Уште силно се присутни адвокатски коруптивни еквибрилистики да се оневозможи правдата, процесите да се развлекуваат додека правдата не се измори од неправдата. Но, ќе видиме како натаму ќе течат разврските на еден куп атрактивни живи судски процеси во кои се обвинети атрактивни политички личности.

February 24, 2020 10:07
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Правда, генерално, што уште нема. Ама нешто се помрднува. Нешто патува натаму па ќе видиме. Ако е некаква индиција, еве макар како сведоци, во судските кулоари се почесто шетаат и во судските сали се почесто се и највисоки политички ликови. Како сведоци, ама се таму. И тоа, за почеток, е надежно. Се помалку недопирливи и судски ескиватори. Судот со помалку комплекси на судските клупи почна да ги седнува и до вчера недопирливите по функции и по политички и партиски позиции.

Со заминувањето на Груевски од власт, на неговата режимска клика експонирана со методите на своето владеење евидентирано во бомбите и во извештаите на европските институции, судот станува се подостапен подеднакво за сите. Еве и деновиве таму ги гледаме и претседателот на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, министерот за Европа Бујар Османи. За поранешните високи државни и партиски функционери кои во судот се поради разни обвиненија, и станува збор. Како обвинети или како сведоци, важно како учесници, до вчера непоимливото, гледаме куп поранешни и доскорешни пратеници, министри, заменици министри, градоначалници.

Нешто сепак се придвижува. Правдата како почнува да се тркала. Засега можеби уште многу незабележливо. Уште само се препелка во судските сали. Уште бавно и без посакуваните судски завршници. Уште силно се присутни адвокатски коруптивни еквибрилистики да се оневозможи правдата, процесите да се развлекуваат додека правдата не се измори од неправдата. Но, ќе видиме како натаму ќе течат разврските на еден куп атрактивни живи судски процеси во кои се обвинети атрактивни политички личности.

Дополнително, Законот за Јавното обвинителство што едвај на мускули се донесе во минута до дванаесет и за кој една Холандија деновиве рече дека е добро што тоа се случило зашто и тој акт е услов таа држава да ја одмрзне блокадата за почеток на македонските преговори со Унијата, ги одржа во живот и обвиненијата на веќе мртвото Специјално јавно обвинителство. Засега само им вбризга малку кислород и дури по априлските избори евентуално ќе може да се добие одговорот на тоа дали и со кој капацитет и со каква кондиција е можно тие да продолжат да се движат до некоја своја праведна правна разврска. Или пак, несигурните обвинители, вештите адвокати и колебливите судии ќе препуштат од пред лицето на правдата тие засекогаш да исчезнат.

Тежиштето на правдата бавно но сепак како полека да почнува да се враќа назад од политиката во своето матично лежиште. Сега е важно и судството да се доокуражи. Да стекне виталност и брзо да испорачува правда која граѓаните ја чекаат со децении. Времето е судот дали очекувањата ќе се исполнат. Дали и колку бргу нашиот судски систем, тој клуч за европските интеграции, ќе успева да се оттргнува од канџите на коруптивните темните политички и бизнис елити.

Па, ако самото судство бргу не влезе во динамична еволуција, како на режимот со Шарената, може бргу да му се случи Судска револуција.


Сите права се задржани. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ