• Latest

Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

February 28, 2020
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Делегација на ЕУ: Да се почитува слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост

February 28, 2020 15:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска преку соопштение потсети на важноста на слободата на изразувањето и на медиумите, како и на важноста од пристап до информации за сите граѓани, по последните случувања помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, откако кабелските оператори најавија прекин со реемитување на ТВ каналите како реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и обврските што ги имаат  вооднос на авторските права.

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост. ПОдготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

„Во однос на случувањата помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија е свесна за ситуацијата и многу внимателно ги следи случувањата. Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и важноста до пристап за информации за сите граѓани. Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Северна Македонија, да седнат на маса со регулаторот за медиуми, да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, работа за сите комерцијални оператори на пазарот и коешто обезбедува имплементација на правата од интелектуална сопственост“, наведува  Делегацијата на ЕУ во ставот во однос на слободата на медиумите, пристапот до информации и правата од интелектуална сопственост.

Од Делегацијата на ЕУ дополнуваат дека се подготвени да обезбедат дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување сеопфатен и постојан пакет правила за сите чинители во медиумскиот сектор.

Здружението на информатичко-комуникациските технологии вчера соопшти дека како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласиле да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за наоѓање законско решение во интерес на граѓаните.

Според Здружението, законските измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што, како што тврдат, имаат добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Претходно, петте национални телевизии при Македонската медиумска асоцијација ја оценија најавата за прекин на реемитувањето како апсурдна, паушална и незаконска и повикаа сите да ги почитуваат авторските права и оти законот е токму во таа насока. Обвинија дека се соочуваат со пиратерија на 10-ина странски канали  и апелираа операторите да ја преиспитаат најавата за прекинот, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа.

Ресорниот министер Дамјан Манчевские, пак, е оптимист дека ќе се најде решение и очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме“, изјави Манчевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ