• Latest

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

Извадок од Извештајот за рано предупредување објавен на 29 октомври, дел од проектот Демократски навигатор - стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани

November 9, 2025 14:30
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Хибридните закани ретко се појавуваат ненадејно — тие се акумулираат под површината, еволуирајќи преку наративи, мрежи и канали на влијание, далеку пред да станат видливи кризи. За Северна Македонија, каде што геополитичката и внатрешната поларизација и манипулацијата со инфрмации се спојуваат, раното откривање зависи од будноста низ општествените, политичките, економските и културните домени.

Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ препорачува внимателно следење на следните сигнали (списокот не е исцрпен):

  • Информациски простор: Необичен пораст на активности на социјалните мрежи што промовираат анти-ЕУ или анти-НАТО наративи, особено преку новосоздадени или координирани страници и Телеграм канали.
  • Културно и дипломатско присуство: Посети на руски или српски деловни, културни, верски или образовни делегации во Скопје или регионални градови со двосмислени или неформални мандати, како и чести посети на локални свештеници, бизнисмени и политичари на Белград, Москва или Будимпешта, што се совпаѓаат со политички или медиумски ескалации.
  • Економска инфилтрација: Појава на нови деловни субјекти или офшор компании со нејасна руска сопственост или финансирање, особено во медиумскиот, енергетскиот, градежниот и секторот за недвижности. ЦИВИЛ веќе откри бројни сомнителни деловни потези, вклучително и влезот на српската „Алта банка“ во банкарскиот систем на Северна Македонијами активностите на одредени стопански комори кои моментално се под истрага за можна операција на влијание и нелегални финансиски врски.
  • Политички пораки: Локални политички личности или партии кои усвојуваат или засилуваат проруска реторика, често врамена околу суверенитетот, националниот идентитет или историскиот ревизионизам, а честопати испреплетена со националистички антиалбански или антибугарски чувства. Ваквите наративи често се одразуваат со реакционерна антимакедонска реторика од определени етнички албански актери, создавајќи циклус на меѓусебна недоверба и конфронтација заснована на идентитетот. Оваа поларизација им служи на интересите на надворешните актери — пред сè на Русија и Србија — со продлабочување на внатрешните поделби, слабеење на општествената кохезија и одвлекува на вниманието од неуспесите во владеењето, корупциските скандали и евроатлантските обврски на земјата.
  • Дезинформациски кампањи: Координирани пропагандни напади поврзани со симболични или политички чувствителни датуми (годишнини на НАТО, самити на ЕУ, државни празници) насочени кон поткопување на институционалната доверба и општествената кохезија.

Хибридната војна напредува во сивите зони на перцепцијата и пасивноста. Раното препознавање на овие сигнали овозможува институционален одговор и граѓанска отпорност — капацитетот на граѓаните, новинарите и едукаторите да ја препознаат манипулацијата пред таа да стане реалност.


Оваа содржина е дел од статијата во рамки на Серијата извештаи за Рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“.


БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ