• Latest
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

Ова е белешка за една земја што постојано тоне во надолна спирала, каде што стравот носи гласови, гневот мобилизира, а поделбите ја чуваат политичката елита. И таа земја — не е единствен пример.

September 20, 2026 12:20
in ДЕМОКРАТИЈА, КОМПАС, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Антон Препелицjа

Фото: Антон Препелицjа

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Не можам да разберам – или, поточно, веројатно не сакам да прифатам, иако многу добро разбирам – дека политичката неписменост, придружена со постојан страв и гнев, стана една од главните одлики на политичкиот живот во земјава.

Со години се вртиме во круг. Всушност, ни тоа не е сосема точно. Кругот барем подразбира дека некогаш ќе се вратите на истото место. Ние се движиме во надолна спирала. Секој нов политички циклус почнува малку пониско од претходниот – со помалку доверба, помалку стандарди, помалку јавна дебата и со уште повеќе гнев, отрови и простотилак.

Политичките партии одамна ја сведоа демократијата на примитивна изборна математика. Колку гласови имаме? Колку ни недостигаат? Од која етничка, верска, регионална или социјална група можеме да извлечеме уште неколку проценти? Што да им ветиме на малите политички партии – и на помалите заедници, а притоа да не отстапиме од сопствениот комодитет кога, по изборите, ќе почне распределбата на пленот?

Прашањето што никогаш не се поставува е: Што ќе правиме со тие луѓе откако ќе ги добиеме нивните гласови? Какво општество ќе градиме со нив? Каква држава? Какви институции? Какви односи меѓу луѓето? Имаме ли способни кадри?

Гласачот не се третира како граѓанин со достоинство, права, интереси и разум, туку како политичка суровина што треба да се обработи пред избори.

Не. Нема тука сложена политичка филозофија. Секогаш е истиот резон – политиката на стапот и морковот. Прво треба да го исплашиш. Потоа да го разгневиш. А на крајот да му ветиш дека токму ти ќе го спасиш од опасноста што самиот си му ја нацртал. И кога ќе дојдеш на власт – да крадеш како да нема утре. И како да не е твоја земја во која ќе живеат некои идни генерации.

Прво, стравот. Ќе ви ја земат државата. Ќе ви го земат јазикот. Ќе ви го земат идентитетот. Другите ќе ве надгласаат. Соседите ви мислат зло. Европа ве понижува. Албанците ќе го земат ова. Македонците ќе го земат она. Некој постојано доаѓа по вашето парче земја, историја, достоинство или леб.

Потоа доаѓа гневот. Гневот треба внимателно да се одгледува, до точката на вриење. Политиката мора да создаде непријател, затоа што исплашениот и разгневен човек полесно се мобилизира од информираниот граѓанин.

И на крајот, морковот. Ако гласате за нас, ќе живеете подобро. Ќе има повисоки плати. Ќе има инвестиции. Ќе има правда. Ќе има сигурност. Ќе има достоинство. Ќе ја вратиме гордоста. Ќе ве заштитиме од сите оние од кои претходно ве убедивме дека треба да се плашите.

Политичарите прво ја предизвикуваат болеста, а потоа се нудат како лек. Како лек за болеста што самите ја предизвикале.

Најгрубиот пример е начинот на кој политичките партии ги третираат меѓуетничките односи.

Во предизборието, „другиот“ е закана. Македонските партии ќе ја спасуваат Македонија од Албанците. Албанските партии ќе ги спасуваат Албанците од Македонците. Сите се удираат в гради. Сите ја бранат „националната гордост“, дефинирана, се разбира, по етничка линија.

А потоа завршуваат изборите. И одеднаш се покажува дека „непријателот“ од другата страна на Вардар е сосема пристоен коалициски партнер. Се преговара за министерства, директори, јавни претпријатија, парламентарни мнозинства и кадровски решенија. Националната опасност мистериозно исчезнува кога ќе почне делењето на власта.

Тоа е веројатно најциничниот дел од целата приказна. Коалицирањето не е проблем, нема зошто да биде. Во плурална демократија коалициите се нормални и неопходни. Проблемот е што луѓето што вчера ги убедувале дека „другите“ се егзистенцијална закана, денес треба мирно да прифатат дека токму со тие „други“ ќе се управува со државата.

Но отровот што се истура со месеци за време на кампањата не заминува откако парламентот ќе ја изгласа коалициската влада. Тој останува длабоко вгнезден во свеста на луѓето, во соседството, на работното место, во училишните клупи, на социјалните мрежи. Во семејните разговори и на кафеанските маси.

Политичарите на крајот си подаваат рака. Но луѓето остануваат длабоко поделени.

Потоа зборуваме за „социјална кохезија“, „интеркултурализам“, „едно општество“, „мултикултурна демократија“. Термините се прекрасни. Во суштина, служат како магла од која со години заработува еден добро приспособен слој НВО-фолиранти и вечни „експерти“.

И сето тоа останува далеку од суштинската потреба луѓето да живеат едни со други без страв, омраза, дискриминација и политичка манипулација.

Кога последен пат сте слушнале дека „ни требаат добри меѓуетнички односи“? Дали можете да се сетите кога и кој зборува за „почитување на човековите права на сите заедници – и на големите и на малите“? Дека се итно потребни „институции во кои индивидуалните и колективните права не зависат од тоа која партија е на власт“. Кој зборува дека е неопходно „почитување на Уставот, меѓународните обврски и духот на Охридскиот рамковен договор“? Ако успеете да се сетите, обидете се да се сетите и колку простор добиваат тие пораки во медиумите под контрола на политичките и финансиските центри на моќ.

Не, напротив. Се гради политичка култура во која етничката припадност е оружје што се вади од фиока секогаш кога е потребно да се спаси нечија фотелја, а задолжително пред избори.

Не можете меѓу два изборни циклуси да градите „интеркултурно“ општество, а три месеци пред изборите да го претворите соседот во опасност за вашата егзистенција, идентитет и достоинство. Или можеби можете? Очигледно, токму тоа и се прави.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


Независното новинарство, слободниот говор и граѓанското општество се брана против лагите, пропагандата и злоупотребата на моќта.

Поддржете го ЦИВИЛ и помогнете ни да продолжиме независно, истрајно и во интерес на јавноста.

ПОДДРЖЕТЕ НÈ СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ