На првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за состојбата со коронавирусот што се одржа денеска беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосна координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.
![]()
Со Главниот координативен кризен штаб, претседаваше премиерот Оливер Спасовски, на кој присуствуваа вицепремиерите Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Садула Дураки и Бујар Османи, како и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министрите за здравство Венко Филипче, за транспорт и врски, Горан Сугарески, за финансии Нина Ангеловска, за образование и наука Арбер Адеми, за надворешни работи Никола Димитров и за правда Рената Дескоска.
![]()
Присуствуваа и директорите на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
извор: МИА










