• Latest

Фонд за здравство: Осигурениците можат да користат електронски и услуги по телефон

March 16, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фонд за здравство: Осигурениците можат да користат електронски и услуги по телефон

March 16, 2020 13:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пациентите ќе можат да ги добијат потребните здравствени услуги и преку телефон, така што осигуреното лице ќе нема потреба да доаѓа во ФЗО за отворање ново боледување, ниту за продолжување на боледувањето, туку треба да се јави телефонски кај матичниот лекар. Матичниот лекар може да издаде боледување до 14 дена (наместо до седум дена) без да се придржува на критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. Боледувања за респираторни заболувања (JОО-99) матичниот лекар ќе може да ги отвори – продолжи и по истекот на 14 дена, односно, до завршување на мерките за спречување на заразата, соопшти денеска Фондот за здравствено осигурување на РСМ.

Од Фондот посочија дека преземаат времени мерки со кои ќе им ги олеснат услугите на осигурениците. Мерките ќе бидат во сила се додека траат времените мерки што ги донесе Владата за спречување на ширење и сузбивање на корона вирусот, а во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.

– Примарната цел на овие мерки е да се растовари примарното здравство од одредени административни процедури, но и да се сведе само на оние кои се од итен и неодложен карактер. Со тоа, ФЗОРСМ цени дека, во оваа крајно сериозна состојба во која, покрај останатите земји во соседството, Европа и светот, се најде и нашата држава, примарното здравство ќе може ефикасно да им ги пружи неопходните здравствени услуги на пациентите на кои тие им се најмногу потребни, истакнаа од Фондот.

Оттаму потенцираат дека во интерес на безбедноста на граѓаните на целата држава е да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно.

– Кога матичниот лекар поради болест или изолација не е на работното место, здравствените услуги ги пружа лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена, е една од мерките.

Од Фондот наведоа дека матичниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара од една година. Рецепти за хроничната терапија матичниот лекар да издава за шест месеци.

– Поради спречување на ширење на Коронавирусот здравствените установи од дејноста специјалистичко-консултативна здравствена заштита и општа стоматологија треба да пружаат здравствени услуги само во итни случаи, велат од Фондот.

Од ФЗОРСМ посочија дека издавањето и заверката на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари, односно лекари – специјалисти. Осигурените лица не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот за заверка на потврдата. Заверената потврда, Фондот по службена должност, ќе ја доставува по пошта на адреса на живеење на осигуреното лице.

– Oсигурениците кои треба да ги реализираат решенијата (кои се со важност од два месеци) за остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација, ќе може да ја продолжат и по престанок на времената мерка. Осигурените лица кои се веќе на рехабилитација, доколку имаат потреба да ја прекинат, истата може да се продолжи за толку денови колку што преостанале согласно деновите одобрени во решението. Ако осигуреното лице ја прекине специјализираната медицинска рехабилитација ќе има право, по завршувањето на времената мерка, да ја продолжи истата за онолку денови колку што преостанале согласно решението, образложија од Фондот.

Препорака на Фондот за сите осигуреници, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат за кои било прашања на info@fzo.org.mk, како и за прашања поврзани со лекови на far-macija@fzo.org.mk

Правата од здравственото осигурување не застаруваат за пет години. Поради тоа, Фондот апелира осигурените лица за време на важење на мерките да не го загрозуваат своето  и здравјето на другите со доаѓање во просториите на подрачните служби и централната служба на Фондот. Исклучок претставува регулирање на здравственото осигурување, доколку не може да се заврши по електронски пат, или кога се работи за итни и неодложни потреби како што е поведување постапка за лекување во странство, напоменаат од Фондот. Препорака на Фондот за сите здравствени установи, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат по мејл за кои било прашања на zuinfo@fzo.org.mk.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ