ССНМ бара од Кризниот штаб при Владата да обезбеди заштитна опрема, составена од гел за дезинфекција, ракавици и маски за редакциите, поради недостигот кој го има во аптеките и продавниците.
Оттаму велат дека новинарската професија е една од најистурените после медицинската, а новинарите се важна алка во борбата против коронавирусот.
„ССНМ ги повикува сопственциите на медиумите секој во рамките на своите можности да ја органзиира работата во редакциите на најефикасен можен начин во насока на обезбедување барем минимална заштита на своите вработени. Новинарите извршуваат задачи и работа од јавен интерес без која не може да се замисли процесот на искоренување на вирусот во Македонија. Затоа нивната заштита е и треба да биде еден од приоритетите во општеството“, наведуваат од новинарскиот синдикат.
П.К.












