• Latest

Мојсоски: Во Идризово нема никакви индикации за корона вирусот, секој нов затвореник се става во изолација

March 25, 2020

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мојсоски: Во Идризово нема никакви индикации за корона вирусот, секој нов затвореник се става во изолација

March 25, 2020 18:28
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тројца лекари и четири медицински сестри се задолжени во моментов за здравствената состојба на над 1150 затворениците во најголемиот затвор во Северна Македонија, КПУ Идризово, во кој, како што нагласи за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски се преземени сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со корона вирусот.

Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, а Мојсоски за МИА потенцира дека затворските власти и неколку дена пред тоа ги презеле потребните мерки.

Секој новодојден затвореник се подложува на детален преглед, а потоа се изолира 14 дена, по што се внесува во затворскиот систем. Мора да бидат крајно внимателни и подготвени за справување со ситуацијата, нагласува Мојсоски за МИА, додаваќи дека во затворот може да пристигнат и затвореници со ектрадиција.

Оваа недела немале таков случај, но минатата недела пристигнал затвореник од Србија и тој е во изолација.

Директорот на Идризово нагласува дека водат грижа и за вработените, работат со маски, има постојани дезинфекции во сите ќелии.

„Вчера имаше информација што не е основана за заболени затвореници од коронавирус, а јас можам да кажам за затворот Идризово дека во моментов немаме никакви индикации на коронавирусот. Ги презедовме сите мерки и предвреме, пред да дојдат сите забрани, забранивме посети, викенди, слободни видувања. Дозволени се само пакети да им се носат на затворениците со храна и со средства за хигиена“, вели Мојсоски за МИА.

Управата за извршување на санкциите денеска претходно ја демантираше информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот коронавирус, кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава. Управата преку соопштение реагираше на изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

Мојсоски за МИА истакна дека бројката на затвореници во ќелиите е во рамки на законот, е во нормала, нема пренатрупаност.

Вели сите капацитети се во функција. Во новото полуотворено и отворено одделение има над 400 затвореници, а намален е и бројот на затвореници во зградата во затворениот дел.

„Луѓето се рамномерно распоредени во сите одделенија“, нагласи Мојсоски и додава дека во меѓувреме нарачале и далечински топломери, а температура се мери на секој затвореник и на секој вработен при доаѓање на работното место.

Во врска со здравствената заштита нагласува дека во затворот има затвореници со секакви заболувања и во итните случаи се реагира и тие се носат или во „Мајка Тереза“ или во „8 Септември“ со посебни комби возила со дезинфекција и заштитни маски.

„Во моментов имаме 24-часовна поддршка од Здравствен дом – Скопје, имаме доктори и ниту еден новодојден затвореник не се вклучува во системот, без претходно да биде изолиран“, додава тој.

Мојсоски потенцира дека во обезбедувањето на затворот и негово непречено функцконирање се ангажирани сите вработени, на минимален број се сведени само оние во делот на администрацијата и оние кои имаат деца до десет години.

Од Управата, денеска порачаа дека доколку во која било казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и ќе се преземат мерки согласно со препораките.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ