• Latest

Комуникација во вонредни услови, рационалност за достапност и квалитет

March 29, 2020
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Комуникација во вонредни услови, рационалност за достапност и квалитет

Операторите бележат зголемено ниво на интернет-сообраќај. Истакнуваат дека мрежата е стабилна и зависно од потребите се зголемува капацитетот. Апелираат дека е потребно рационално користење на телекомуникациските услуги за тие да бидат достапни во секое време со ист квалитет.

March 29, 2020 09:49
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата со Ковид 19 целосно го промени начинот на живот и работа, а секојдневните активости во голема мера се одвиваат онлајн. Операторите бележат зголемено ниво на интернет-сообраќај. Истакнуваат дека мрежата е стабилна и зависно од потребите се зголемува капацитетот. Апелираат дека е потребно рационално користење на телекомуникациските услуги за тие да бидат достапни во секое време со ист квалитет.

Македонски телеком бележи значително зголемување на мобилниот и фиксниот интернет-сообраќај во мрежата, но, како што велат, таа е стабилна.

– Со појавата на епидемијата се смени начинот на живеење, работење и нашето секојдневно функционирање, а главните канали за поврзување и комуникација приватно и деловно се дигитални. Тоа предизвикува и значително зголемување на сообраќајот и во мрежата на Македонски телеком, особено на мобилниот и фиксниот интернет-сообраќај. Сепак, и покрај зголемената потреба од интернет-сообраќај, состојбата со мрежата е стабилна. Македонски телеком презема дополнителни мерки за зајакнување и зголемување на капацитетот на мрежата за да се задоволат потребите на корисниците. Наш приоритет и натаму останува да ги одржиме инфраструктурата и интернет-пристапот беспрекорни. Затоа, сите наши ресурси, технички и човечки, се насочени да обезбедиме непречена комуникација и во вакви вонредни услови.

И од А1 Македонија наведуваат дека и во оваа кризна состојба ги преземаат сите неопходни мерки да обезбедат телекомуникациската мрежа да работи на сигурен и стабилен начин и да обезбедува континуитет на клучните телекомуникациски услуги, како и досега.

– Бележиме зголемен обем на говорен сообраќај, како и зголемен интернет-сообраќај, кој е видливо повисок од вообичаено во одредени периоди од денот, што е резултат на приспособувањето на компаниите на новонастанатата состојба со работа од дома и на останувањето на нашите корисници дома согласно мерките за заштита од коронавирусот. Токму од тие причини А1 Македонија го обезбеди пакетот А1 Солидарност, кој овозможува 10 ГБ бесплатен мобилен интернет за сите корисници кои ќе го активираат преку апликацијата Мојот А1 и зголемен број ТВ-канали без дополнителна претплата за сите корисници на ТВ-услугите, велат за МИА од А1 Македонија.
За да обезбеди максимална достапност на услугите компанијата, покрај постојниот центар за оперативно следење и одржување на критичната инфраструктура и сервиси, го активирала и интерниот кризен штаб.

– Направени се детални сценарија за обезбедување континуитет на работењето и обезбедување на услугите во услови на кризна/вонредна состојба во државата. Техничките експерти постојано ги надгледуваат мрежните капацитети и подготвени се да реагираат со соодветни технички мерки за обезбедување на интегритетот на мрежата во случај на екстремно висок сообраќај или други технички тешкотии, наведуваат од А1.

Во оваа вонредна ситуација, кога е потребно одговорно однесување во секој поглед, апелираат до корисниците за рационално користење на телекомуникациските услуги со цел тие да бидат достапни во секое време со ист квалитет.

Законска надлежност за спроведување на обезбедувањето минимален квалитет на електронски комуникациски услуги, кој е дефиниран во претплатничките договори на корисниците, има Агенцијата за електронски комуникациии. Во услови на прогласена вонредна состојба, Законот за електронски комуникации пропишува надлежности и на ресорното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА).

– Доколку поради одредени новонастанати околности во одредни делови или области во државата се предизвика промена во секојдневното работење на мрежата на операторот, како на пример, преоптоварување одредени базни станици, операторот може да преземе мерки за обликување на сообраќајот, со цел да се избегне оптоварувањето или преоптоварувањето на мрежната поврзаност. Може да постави оптички кабли за поврзување базни станици или, на пример, да постави нови времени базни станици, за што ќе му бидат потребни дополнителни радиофреквенции. Доделувањето на радиофреквенциите е законска обврска на Агенцијата за електронски комуникации. Секако, барањето за добивање нови радиофреквенции треба да биде основано, велат од МИОА.

Во услови на вонредна состојба, која е прогласена во државава, за работите утврдени со Законот за електронски комуникации во врска со работата на јавните електронски комуникациски мрежи и обезбедување јавни електронски комуникациски услуги е надлежен министерот за информатичко општество и администрација.

Член 64, ставови (2) и (3) од ЗЕК пропишуваат дека јавните електронски комуникациски мрежи и придружните средства мора да се планираат, проектираат, градат и поставуваат на начин со кој ќе се овозможи давање приоритет на комуникациите од определени мрежни приклучни точки пред другите комуникации во случај на пад на мрежа, воена или вонредна состојба или елементарна непогода. Владата на Република Северна Македонија, пак, ги определува групите корисници со право на приоритетни мрежни завршни точки.

Воедно ЗЕК пропишува дека јавните електронски комуникациски мрежи и придружните средства мора да се планираат, проектираат, градат и поставуваат на начин со кој ќе се овозможи по барање од надлежен државен орган или тело, без надомест да обезбедат пренос на пораки и известувања во случај на воена состојба или непосредно загрозување на независноста и суверенитетот на Република Северна Македонија, во случај на големи природни непогоди, техничко-технолошки и еколошки несреќи и епидемии, кога постои опасност за животот и здравјето на луѓето и сигурноста на земјата.

МИОА има определено контакт-лице за комуникација со операторите доколку се донесат одредени акти согласно утврденото со Законот за електронски комуникации.

Во државава, според последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации, употребата на интернет е застапена речиси кај 90 проценти од популацијата, а само половина од нив ја штитат приватноста со антивирусна програма.

За да избегне застој во интернет-сообраќајот најголемата интернет-платформа „Јутјуб“ неодамна најави дека ќе го намали квалитетот на видеата пред сè кон земјите на Европската Унија и Велика Британија, а намалување на квалитетот на видеосодржините за 25 отсто најави и популарната услуга за стриминг „Нетфликс“.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ