• Latest

Ефтимов: Факултетите на УКИМ со поделени мислења за онлајн полагање на испитите

April 9, 2020
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ефтимов: Факултетите на УКИМ со поделени мислења за онлајн полагање на испитите

April 9, 2020 13:59
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн-настава на 23-те факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје се реализира делумно или целосно. За професори кои не држат онлајн-предавања има и алатка за пријавување, а студентите кои имаат предлози како електронската настава да се унапреди, може да ги контактираат факултетските студентски собранија.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на  Скопскиот универзитет (УСС-УКИМ) Борјан Ефтимов во интервју за МИА вели дека факултетите на УКИМ, како и нивните студентски собранија, се поделени во ставовите дали испитите треба да се полагаат онлајн. Лично смета дека електронското полагање ќе доведе до манипулации и ќе го деградира квалитетот на високото образование.

-Мора да избереме дали сакаме ефикасност и побрзо „чистење на испитите“ преку онлајн-полагање или квалитет и релевантни испити кога ќе се создадат услови за физичко присуство на полагањата, вели претседателот на студентите на најстариот и најголем универзитет во земјава со околу 30 000 студенти на 23-те факултети.

Ефтимов е четврта година на Правниот факултет (прва на мастер-студии – деловно право), а претседател на Универзитетското студентско собрание е од февруари годинава. Во интервјуто за МИА тој истакна и дека студентите треба да ја прифатат реалноста и да се придржуваат на мерките за побрзо да се надмине пандемијата, особено препораката за социјално дистанцирање, порачувајќи им: „Студентскиот живот нема да ни избега“.

Дали на сите факултети на Скопскиот универзитет има онлајн-настава? Конкретно на Правниот, каде што студирате, се спроведува ли по сите предмети?

– Според податоците со кои располага УСС-УКИМ, онлајн-настава делумно или целосно се одвива на сите 23 факултети на УКИМ. На поголем број факултети наставата во целост се одвива онлајн, додека, пак, на помал број факултети имаме предмети и професори кои не држат онлајн-предавања.

Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

 

За да се зголеми процентот на професори кои држат онлајн-предавања, УСС-УКИМ отпочна процес на набљудување на онлајн-наставата, на тој начин што студентите можат на страниците на нашите социјалните медиуми, преку алактката google forms, да пријават професори кои не одржуваат онлајн-предавања по своите предмети, по што УСС-УКИМ ќе почне постапка со цел започнување на таквите предавања и по конкретниот предмет за кој студентите се пожалиле дека немаат онлајн-настава. На Правниот факултет сите професори спроведуваат онлајн-настава по своите предмети.

Имаат ли студентите одредени барања – поплаки за организирањето на е-наставата или сугестии таа да се подобри? Какви алатки за настава и за комуникација со професорите се користат? 

– Се разбира дека има и поплаки. Универзитетот и факултетите запливаа во непознати води со спроведувањето на далечинското учење, па така нормално е на почетокот да има недостатоци кои со текот на времето ќе се надминуваат. Со оглед на тоа што ние сме генерација која е израсната со технологија, студентите имаат голем придонес во воведувањето и унапредувањето на онлајн-наставата.

Факултетските студентски собранија, како и Универзитетското студентско собрание, уште од првиот ден на кризата започнаа да бараат и да истражуваат кои се можните решенија за реализирање на онлајн-наставата, но не само тоа, туку и на голем дел факултети, токму факултетските студентски собранија се тие кои директно се вклучија во процесот и овозможија побрза реализација на онлајн-наставата.

Сите студенти на следнава форма можат да пријават неодржување онлајн-настава https://forms.gle/mkm1C69iVAYkWVX59 , а доколку имаат сугестии за нејзино унапредување, можат да ги контактираат студентските собранија на нивните факултети.

Покрај преку мејл, професорите користат платформи како Microsoft teams, zoom.us, big blue button, google hangouts и слични платформи кои овозможуваат двонасочна комуникација меѓу професорот и студентите.

Се разгледуваат ли начини за полагање на испитите, сметате ли дека тука ќе има проблеми? 

– Во однос на испитите, мислењето е поделено. Некои факултети (ФЕИТ, ПМФ, Медицина, Фармација, Филозофски итн) одлучија да не организираат онлајн-полагања, сметајќи дека тоа ќе придонесе за намалување на квалитетот, додека, пак, други факултети (ФИНКИ, Шумарски, Правен и др.) сметаат дека во зависност од предметите, за некои постојат услови за онлајн-полагање.

Ставот е поделен и кај факултетските студентски собранија, иако поголем дел сметаат дека не треба да имаме онлајн-полагање, бидејќи тоа ќе доведе до намалување на квалитетот, манипулации со испитите и поделба на студентите – на студенти кои имаат и студенти кои немаат финансиски услови за да си овозможат уреди преку кои ќе ги полагаат испитите. Затоа што сите студенти немаат лаптопи со камери и микрофони, брза интернет-конекција, што е неопходно за устен испит, а тоа е наведено и во уредбата. Од друга страна, кај некои факултетски студентски собранија постои став дека одредени предмети, или, пак, сите предмети, можат да се полагаат онлајн.

Јас сметам дека онлајн-полагањето неизбежно ќе доведе до деградација на квалитетот во високото образование бидејќи наставните кадри ќе немаат апсолутно никаква контрола врз условите во кои се полага испитот, па така ќе имаме огромен простор за манипулации и препишување.

Мора да избереме дали сакаме ефикасност и побрзо „чистење на испитите“ преку онлајн-полагање, или квалитет и релевантни испити кога ќе се создадат услови за физичко присуство на полагањата.

Повеќето студенти од други градови поради пандемијата се вратени дома, го нема студентскиот живот кој е составен и значаен дел од студирањето? Како вие, студентите, живеете во овие околности, колку сево ова ве погаѓа со оглед дека сте  најактивната популација?

– Сите, па вклучително и студентите, сме погодени од кризата. Сепак, мора да разбереме дека социјалното дистанцирање е неопходно доколку сакаме да ја надминеме оваа пандемија. Начинот на којшто ќе се справиме со пандемијата не само што ќе влијае на нашата моментална ситуација, туку ќе ја дефинира и нашата иднина.

Во овој момент мора да ја прифатиме реалноста и да ги следиме препораките, а „студентскиот живот“ нема да ни избега. Колку подисциплинирано ги следиме препораките, толку побрзо ќе ја надминеме кризата, а со тоа и ќе се врати студентскиот живот.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ