• Latest

Два инспекциски надзора во Куманово, покренати постапки за вонреден стручен надзор и прекршочна пријава

April 26, 2020
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Два инспекциски надзора во Куманово, покренати постапки за вонреден стручен надзор и прекршочна пријава

April 26, 2020 16:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) извршил два инспекциски надзори во Куманово, при што констатирал низа неправилности. При првиот инспекциски надзор, констатирано е дека и првото и второто тестирање на лица од кумановскиот Кризен штаб, тие биле извршени без спроведување редовна и задолжителна епидемиолошка анкета од страна на епидемиолог. Исто така, утврдено е дека брисовите не биле земани во просториите на Ценатраот за јавно здравје туку во зградата на Општина Куманово.

-При првото тестирање биле земени брисеви на 28 лица, и сите излегле негативи. При второто тестирање, земени се 38 бриса, од кои на пет им биле позитивни резултатите. Издадени се решенија за 37 контакти. И на првото тестирање направено на 26 март и на второто изведено на 12 април, сите тестирања се заведени како скрининг, без спроведување на задолжителна епидемиолошка анкета од страна на епидемиолог. И по изјаснувањето на епидемиологот кој го вршел ова тестирање, имаме изјава дека по нејзин налог и нејзини согледување, спровела скрининг од причини кои таа ги наведува во изјавата. Ова е прекршок директно по член 27 од Закон за заштита на население од заразни болести, кој вели дека скрининг не може да се изведе без дозвола на министер, што значи дека е констатиран еден прекршок досега, рече директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова Бухова на денешната онлајн прес-конференција.

Вториот прекршок е за земање брисеви во неадекватен простор. Тие биле земани во просториите на Општина Куманово, што е спротивно на протоколите.

-Брисеви на лица сомнителни со индикација, епидемиолошка анкета и со симптоми исклучиво се земаат во простории на Ценатрот за јавно здравје. Секој пункт каде што се земаат брисеви, мора претходно да добие дозвола од Министерство за здравство,  објаснува Сотирова Бухова.

Таа информираше дека поради овие два прекршока е во тек постапка за вонреден стручен надзор.

Вториот инспекциски надзор бил извршен пред два дена и опфатил неколку институции во Куманово и во Скопје. По завршување на обемен инспекциски надзор констатирани се неколку повреди.

Први, констатирана е неправилност во службата за Итна помош во однос на евиденцијата. Патниот налог на возачот бил потпишан од возачот и од уште едно лице, за кое не се знае чиј потпис е тоа.

-Во службата за општа болница Куманово, евидентирани се лицата М.Д. и Г, без презиме, како итен случај во 12:13 часот за кој е креиран итен упат за Инфективната клиника во Скопје. Констатирано е дека лицето не се појавило на преглед во Инфективната клиника-Скопје. Понатаму увидот е продолжен во инфективното одделение во болницата во Куманово, каде е евидентирано за двете лица, извршен е преглед, креиран е упат за рендген на бели дробови и лабораториски анализи. За едното лице е препишано да се продложи со терапијата и препорачано домашно лекување. За второто лице е напишано дека нема потреба од терапија и дека следи домашно лекување. Следејќи ја патеката на двајцата пациенти, направен е надзор во болницата „Жан Митрев“, „Биотек“ и „Систина“. На 22 април извршени се тестирања и заведени во екектронската и во дневникот за евиденција, резултатите им се испратени по мејл на 23 април, информира директорката на ДСЗИ.

Таа потенцира дека лицата секојдневно биле во контактирано телефонски со матичните лекари и не е константирано дека им се влошила состојбата.

-Лицата, за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, го напуштаат местото за престој, со што е направен прекршок. Тоа е казниво по Законот за заштита на население од заразни болести и ќе се изрече прекршочен прекршок49

, за кое е предвидено парична казна од 300 до 600 евра во денарска противвредност. Вториот прекршок што е нотиран е неправилна евиденција во службата за Итна помош. Таму и за докторите од инфективното одделение веќе е во тек вонреден стручен надзор, информира Сотирова Бухова.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ