• Latest

Право на минимална помош добиваат и домаќинствата чиј член останал без работа, а не исполнува услови за надомест

April 28, 2020
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Право на минимална помош добиваат и домаќинствата чиј член останал без работа, а не исполнува услови за надомест

Се овозможува брз влез во системот на социјална заштита и за граѓаните кои останале без работа за време на кризата, а кои не ги исполнуваат условите за остварување на паричен надомест за време на невработеност. Тоа се и граѓаните кои се избришани од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кои работниот однос им престанал спогодбено, по нивно барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос.

April 28, 2020 10:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата донесе Уредба за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба. Целта на овие измени, покрај другото е да се овозможи брз влез во системот на социјална заштита и за граѓаните кои останале без работа за време на кризата, а кои не ги исполнуваат условите за остварување на паричен надомест за време на невработеност. Тоа се и граѓаните кои се избришани од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кои работниот однос им престанал спогодбено, по нивно барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос.

Потребата од донесување на овие измени, произлезе од сознанијата дека одредени работници мораа да потпишат спогодба за престанок на работниот однос или работниот однос и престанал по друга основа за време на кризата.

Согласно донесените измени, за материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во месецот пред поднесување на барањето за остварување на правото на гарантирана минимална помош и во месецот пред тековниот месец на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантирана минимална помош.

Право на гарантирана минимална помош може да оствари домаќинство во кое член на домаќинството е избришан од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кој работниот однос му престанал спогодбено, по негово барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос.

Тоа значи дека право на социјална помош ќе добијат  и материјално необезбедните домакинства во кои член на нивното семејството останал без работа, а не ги исполнува условите за остварувањето на правото на паричен надомест согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Со оваа уредба покрај другото се олеснува и пристапот на материјално необезбедените домаќинства до правото на гарантирана минимална помош и се овозможува остварувањето на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и во месеците од април до септември 2020 година.

Надоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице, се продолжува врз основа на наодот и мислењето од надлежната комисија за време на траење на вонредната состојба, како и два месеци од денот на престанок на вонредната состојба.

Воедно се овозможува стручните лица даватели на јавни услуги, вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели, да вршат стручна работа во дејноста социјална заштита за време на траење на вонредната состојба.

Симона М. Живкова

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ