• Latest

Онлајн-тренинзи за справување со КОВИД-19 поминаа 2300 здравствени работници

April 29, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Онлајн-тренинзи за справување со КОВИД-19 поминаа 2300 здравствени работници

April 29, 2020 10:51
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 2300 здравствени работници, медицински сестри и лекари  од јавните здравствени установи во земјава во три недели беа дел од интерактивните онлајн-тренинзи од програмата „COVID 19 Response Training“ која ја реализираше Министерството за здравство.

Тренингот е развиен од Project HOPE заедно со Brown University од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со вирусот КОВИД 19.

-Со оглед на фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал, се заболени со КОВИД-19, идејата на тренингот беше период од три недели да опфати значителен број на здравствни работници од сите сегменти на здравствениот систем, се со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се даде адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата. Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој, соопшти Министерството за здравство.

Првично беше избрана група од 40 медицински лица, 20 леакари и 20 медицински сестри кои ја поминаа четиридневната онлајн-обука со обучувачи од Brown University од САД. Тие потоа направија обука на близу 2300 здравствени работници од сите здраветвени установи во земјава.

Во правата фаза, како што информира Министерството, онлајн-тренингот започна со клиниките од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде близу 650 здравствени работници  ги слушнаа предавањата и развија активна дискусија околу превенцијата и ширењето на инфекцијата со КОВИД 19.

Во втората фаза беа опфатени ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Специјалната болница Чаир, психијатриските болници, геријатриските центри,  трите клинички болници Тетово, Битола и Штип, како и сите општи болници во сите градови во земјава, потоа здравствените домови, институтите за јавно здравје и специјалните болници.

Преку катедарата за Семејна медицна беа организирани обуки на сите избрани лекари од примарното здравство, а преку студентската организација ЕМСА беа организрани предавања и за студентите по медицина. Тренингот заврши со дополнителна обука на клниките во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ кои се најпогодени од новонастаната ситуација. Во овој комплекс 760 вработени го поминаа тренингот.

-Во услови кога медицинскиот персонал се соочи со досега непознат вирус кој зема замав за релативно кратко време, организираирањето на онлајн-тенинг програма за заштита за што поголем број медицински персонал беше вистински предизвик. Бројката од 2300 учесници кои понатаму протоколите ги пренесоа во своите работни организации  е од големо значење за намалување на трансмисијата на вирусот помеѓу здравствените работници, наведува Министерството за здравство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ