• Latest

Што треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19

April 29, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Што треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19

April 29, 2020 12:28
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

За КОВИД 19 се знае дека претставува голема закана за лицата заболени од малигни болести, од една страна заради ризикот од заразување со инфекцијата, и од друга страна затоа што може да се соочат со потежок тек на болеста. Така овие пациенти имаат поголем ризик од компликации, па затоа треба да преземат соодветни заштитни мерки.

Со цел полесно справување со влијанието на корона вирусот (COVID-19) врз здравјето на овие пациенти, многу здруженија и организации публикуваа извештаи, анализи и препораки за лица од особен ризик поврзан со COVID-19, како што се Светската здравствена организација (WHO), Американскиот центар за контрола и превенција на болести (анг. Centers for Disease Control and Prevention, CDC), Американското здружение за клиничка онкологија (анг. American Society of Clinical Oncology, ASCO), и Европското здружение за хематолошки болести и трансплантација на коскена срцевина (European Society for Blood and Marrow Transplantation, EBMT). Препораките се однесуваат и за пациентите со онколошки или хемато-онколошки состојби кои веќе ја завршиле терапијата, како и за пациентите кои се сè уште на лекување. Сите препораки напоменуваат дека е неопходно да се продолжи со редовната терапија за основното хематолошко или онколошко заболување кај пациентите кои се на третман, освен во ретки случаи кога докторот ќе процени поинаку и ќе предложи промена на третманскиот режим.

Приоритетно е да се почитуваат ригорозно сите мерки препорачани од Министерството за здравство. Со засилена себе-заштита и со максимално редуцирани контакти со надворешна средина се продолжува и се следи редовниот план за третман на онколошката болест во консултација со својот лекар без разлика дали станува збор за хемотерапија, зрачна или биолошка терапија.

Како дополнителна превентивна мерка за поголема заштита, Министерството за здравство прави дисперзија на терапијата за пациентите за дел од онколошките заболувања, во регионалните онколошки центри во Битола, Штип и Тетово. Според ова, дел од пациентите за кои тоа е возможно терапијата ќе ја примаат во локалните центри и нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија во Скопје. Бидејќи оваа мерка не може да се применува за сите типови карциноми, неопходно е пациентот претходно задолжително да се консултира со својот онколог или сестра од Клиниката во однос на тоа дали ќе има промени и доколку има, кој е точниот термин и локацијата, т.е центарот каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. Дисперзијата на дел од онколошката терапија е направена со цел поголема заштита на пациентите и да се намали ризикот од нивно изложување на вирусот.

Здравствените лица досега не најдоа некои специфични причини поврзани со COVID-19 за прекин на терапијата, освен доколку лекарот кој го води пациентот не процени поинаку во конкретниот случај.
За пациентите со намален имунитет од оваа група не постои потреба од превентивна антивирална терапија поврзана со ризикот од COVID-19. Додека пак, само и исклучиво за оние пациенти кај кои е дијагностицирана COVID-19 инфекција, треба да се ревидира стандардниот план за менаџмент на карциномот, односно хемато-онколошката состојба во насока на одложување или промена на терапијата, исто како што е случај кај сите пациенти со активна инфекција.

Подеталните и специфични препораки се однесуваат на сите пациенти со онколошки или хемато-онколошки состојби, кои веќе не се на терапија (го завршиле својот третман) и на пациентите кои се уште се лекуваат и тоа со цитостатска и зрачна терапија или со третман со имунотерапија.

Силно се препорачуваат зачувување на хигиената и здравјето преку избегнување контакти и присуство во простории со многу луѓе, а преферирана е самоизолација. Носењето маска сега е задолжително за сите, но треба да се знае, барем за онаа обичната, хируршка маска дека е за еднократна употреба и додека е на лице, не смее да се допира или мести, вади и повторно да се враќа на лице.

Главните пораки не се поразлични од оние за целата популација, односно кои важат за сите граѓани, само што за онколошките пациенти се засилени и поригорозни. Честото миење раце сега е засилено со препораки и тоа од Светската здравствена организација за правилна и детална хигиена на раце. Посебно се препорачува да се избегнуваат посети од лица од поширокото семејство или пријатели со респираторни симптоми. При движење надвор или на работно место, оние што работат треба да одржуваат растојание од два метра од колегите.

За пациентите кои се уште се лекуваат, со цитостатска и зрачна терапија или со биолошка терапија потребно е да се јават кај докторот кој го води третманот за детални информации како е организиран континуитетот на терапијата. Целта на континуираниот третман е да се обезбеди непрекинатост и интензитет на дозата на лекот, за да се избегне негативно влијание на прогнозата на болеста што во моментот се лекува, а воедно пациентот да не се изложи на дополнителен ризик.

А за пациенти кои го завршиле својот третман и не се веќе на терапија се препорачува во договор со докторот да ги одложат редовните посети за контролни прегледи и останати потреби.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ