• Latest

РСБСП: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници!

April 30, 2020
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

РСБСП: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници!

April 30, 2020 10:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на првомајските празници апелира до сите учесници во сообраќајот да возат одговорно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сиганализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Посебен апел упатува до младите возачи, како најранлива категорија учесници во сообраќајот, трезвено и одговорно да учествуваат во сообраќајот бидејќи, потенцираат, само така ќе пристигнат безбедно на саканата десинација.

Покрај почитување на препораките за заштита од ширење на вирусот, укажува РСБСП, особено важно е внимателно и одговорно  учество во сообраќајот. Искуствата од минатите години загрижуваат, а загрижува и фактот што и покрај тоа што интензитетот на сообраќајот е значително намален, во последниот период се случија неколку сообраќајни незгоди со загинати и тешко повредени лица.

-Меѓународниот ден на трудот, најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејствата и пријателите. Пандемијата со Covid 19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето, оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослави и како ќе се однесуваат граѓаните на овој празничен ден. Голем дел од граѓаните оваа година ќе останат во своите домови, а еден дел секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кај своите блиски, во викенд куќи, во планина, на езеро,…. За голем дел од граѓаните оваа ќе биде можност да се излезе од изолација, можност да се „земе“ свеж воздух, да се наполнат со нова енергија, оптимизам, нови сили, идеи, визии,… Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачена во овие моменти, наведува РСБСП.

Во овие моменти, потенцира РСБС, важно е да се знае, да се задржи здравиот разум и одговорноста, да се почитуваат сите препораки на здравствените институции и надлежните органи со цел заштита од понатамошно ширење на вирусот. Доброто празнично расположение треба да остане, да биде присутно и да продолжи и после празниците.

-Совесното учество во сообраќајот е одраз на одговорни и стабилни лица и затоа РСБСП уште еднаш апелира за одговорно и внимателно учество во сообраќајот бидејки последиците и загубите од сообраќајните незгоди се фатални, трајни и ненадоместливи.  Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Затоа, мислете на време. Да не се каете за последиците, бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателно и одговорно учество во сообраќајот, внимателно возење е основен предуслов за безбедни празнични денови, соопшти РСБСП посакувајќи им на патниците безбедни празници.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ