Словенечката денес утре официјално ќе ги претстави резултатите од националното истражување за раширеноста на новиот коронавирус во популацијата, а министерот за здравство рече во вторникот дека серопреваленцијата на популацијата со вирусот е релативно ниска.
Како што пренесуваат словенчките медиуми, истражувањето на тој примерок покажало дека болеста Ковид-19 ја прележале од 42.000 до 84 илјади од словенечкото население, односно меѓу два до четири отсто од популацијата, што е повеќе од очекувањата, но сепак покажува сразмерно ниска серопреваленција, односно дел од популацијат акоја била во контакт со вирусот.
Доброволното тестирање е започнато од 20 април, при што на оние кои се пријавиле земени им се брисеви од грло како и примерок од крв, за да се испита дали испитаниците развиле антитела на коронавирус.
Од резултатите на испитувањето зависи и колку ќе се ублажат епидемилошките мерки или укинат при следниот, веќе најавен бран на ублажување на тие мерки за две недели.
Резултатите од испитувањето словенечката влада ќе ги престави официјално во среда.
Според последните официјални податоци врз основа на редовното тестирање кое трае од почеткот на епидемијата, во Словенија по 57.474 тестови потврдени се 1.445 случаи на зараза од коронавирус.
Досега починаа 98 лица инфицирани од коронавирус, а меѓу починатите најмногу има од оние највозрасните од домовите за стари лица кои покрај ковид-19 имале и бројни други болести.












