• Latest

Заев за избори во првиот можен термин, Мицкоски на крајот на летото

May 18, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Заев за избори во првиот можен термин, Мицкоски на крајот на летото

May 18, 2020 15:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партиските лидери денеска на средба во претседателската вила Водно речиси три часа разговараат за можниот термин за одржување на предвремените парламентарни избори. Неизвесно е дали ќе има приближување на ставовите и договор за датум за избори.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев смета дека изборите треба да се одржат во првиот можен термин. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицксоки, пак, е за изборно соочување на крајот на летото.

„Во тек е средбата кај претседателот Стево Пендаровски. Очекуваме на прво место да биде ставен интересот на граѓаните и да се одреди конкретен датум за избори. Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок, веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Од СДСМ очекуваат дека денеска на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, лидерите на партиите на прво место да го стават интересот на граѓаните и државата.

-Да нема неодговорност, да нема бегање, граѓаните да се стават на прво место. Само на тој начин може да се постигне договор за конкретен датум за одржување на изборите кои беа одложени заради здравствената криза, велат од СДСМ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека избори треба да се одржат кон крајот на летото, и оти тоа е најбезбедно за граѓаните.

– Крајот на летото е периодот предложен од Мицкоски на лидерската средба како најпогоден за оддржување за избори. Овој период е предложен како најмалку опасен по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на корона кризата до тогаш. Со овој датум се избегнува стравувањето од нов бран од корона бидејќи сите најави се дека тоа ќе се случи почетокот на зимата, или доцна есен што го потврдува и СЗО. Крајот на летото е период кога најголемиот дел од луѓето се во земјава со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност. Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со короната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова, наведуваат од партијата, јасно ставаат до знаење дека не бегаат од избори, и оти ае фаворит, но воедно се грижат за здравјето на граѓаните. – Од друга страна, видливо е на моменти нервозното однесување на Заев и пресметката за брзи избори со дваесетина посто излезност и огромен број на жртви во услови кога се уште има двоцифрени бројки на новозаразени, валат од ВМРО-ДПМНЕ.

За брзи избори, ако со нив не се загрози здравјето на граѓаните, е Демократската унија за интеграција.

– Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата и требаат институции со целосна можност за одлучување и политички капацитет. Важно е да не се загрози дополнително здравјето на граѓаните и логистичките услови да бидат исполнети, изјави вчера вицепремиерот Бујар Османи.

На денешната лидерска средба за датум за одржување на предвремените парламентарни избори, како што потенцираше, ќе се разговараат сите аспекти и ќе се обидат да бидат најконструктивниот фактор. Претераното одложување на изборите не е во интерес на никого, ниту на владејачките, ниту на опозициските партии, а најмалку на државата, смета Османи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ