„Имаше дебата од сите политички партии и сите сме загрижени од ситуацијата. За сите нас здравјето на граѓаните е пред се. За ситуацијата треба да бидеме во комуникација со здравствените инситуции и да имаме консезус за датумот за одржување на изборите, имајќи го предвид здравјето на граѓаните. Многу е важно сите да сме одговорни и согласни за постигнувањето на нашите цели. Свесни сме дека сме без Собрание и со техничка влада. Многу е важно да не се политизира оваа ситуација за политички цели“, изјави Али Ахмети по лидерската средба што се одржа денеска кај Претседателот Пендаровски.
На прашањето за тоа дека во оваа ситуација сме поради тоа што неговиот сопартиец Талат Џафери одби повторно да го свика Собранието, Ахмети одговори дека претседателот на Собранието го почитува Уставот.
М. Ивановска