• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Избори, бројки и одговорност

May 25, 2020
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Избори, бројки и одговорност

May 25, 2020 15:53
in ИЗБОРИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

На 30 мај, на крајот од тековната недела, завршува 15 дневната вонредна состојба ( трета по ред) што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски, по двете последователни од по 30 дена.

Неделава се очекува уште една лидерска средба за конечен меѓупартиски договор за датумот на предвремените парламентарни избори. Претседателот Пендаровски вели дека е спремен да ги повика партиските лидери на уште една средба.

На претходните средби не се постигна консензус за конечен датум за изборите. СДСМ со коалицијата „Можеме“ се на ставот дека избори мора да има најдоцна на крајот на јуни, односно 21, или 28 јуни, а не подоцна, за да се избегне новиот есенски бран со Ковид- 19, како што најавуваат од здравствените институции, поставувајќи го здравјето на граѓаните пред сè. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак инсистираат изборите да се одржат во август или септември, посочувајќи дека за избори е сè уште рано, и дека најавените економски мерки од СДСМ може да се злоупотребат за изборен поткуп. И ВМРО-ДПМНЕ реферира на здравјето на граѓаните.

Од ДУИ не посочуваат конкретен датум, но се согласни дека избори мора да има во најбрз можен рок, кога за тоа ќе има услови, односно, во моментот кога изборниот процес нема да биде ризичен по здравјето на граѓаните. Како услов за одржување на изборите, од ДУИ го поставија присуството на мисијата на ОБСЕ- ОДИХР како меѓународен изборен мониторинг.

Од ОБСЕ-ОДИХР веќе има позитивен одговор, дека се спремни за мониторинг на изборите, кога и да се одржат.

Алијансата за Албанците се за ибори во јули, посочувајќи на потребното време за средување на гласачките списоци, и оставање време за намалување на бројката на заразени од Ковид-19.

Од ДПА се на ставот дека избори може да се одржат 22 дена по истекот на последната вонредна состојба, односно, на 21 јуни, со придржување кон сите препораки за безбедно гласање.

Алтернатива се на ставот дека мора да се постигне консензус, а од Беса изјавија дека се додека нема договор, ќе се почитуваат уредбите од Владата, односно, дека треба да има избори доколку не се продолжи вонредната состојба.

Политичките партии се во постојано меѓусебно префралање за тоа кој е виновен за одржување или неодржување на изборите. Од ВМРО- ДПМНЕ им замеруваат и ги обвинуваат СДСМ дека кризата со пандемијата ја користат за политички поени, тврдат дека економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ се штетни по граѓаните, и дека инсистирањето  на СДСМ за избори во јуни е затоа што доколку се одржат изборите во септември, знаат дека ќе ги изгубат. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ нема никакви конструктивни идеи  и дејствија со коишто би можело да се помогне во битката со последиците од  економската, општествената и политичката криза предизвикана од Ковид-19.

Сите политички партии на прво место го ставаат здравјето на граѓаните.

По празничниот викенд за којшто се одреди скратен карантин од 11 часот во недела ( 24 мај) до 05 часот во вторник, утре ( 26 мај), јавноста е во очекување на нов бран зголемени бројки на заразени со Ковид-19. Според  делумната недисциплинираност во однос на мерките, односно, непочитувањето на физичкото растојание, неносењето на заштитни маски за време на обредите во џамиите коишто поглаварот на Исламската заедница на земјава ги отвори за Рамазан Бајрам,  непочитувањето на мерките за забрана за движење за време на месцот на постот – Рамазан, се очекува дека ќе се зголеми бројката на заразени. Според статистиките, новите кластери со новозаразени се токму во населбите  кадешто живеат претежно граѓани од исламска вероисповед.

Општествено одговорните граѓани коишто строго се придржуваа кон мерките се при крајот на трпението заради неодговорните сограѓани коишто придонесуваат кон ширењето на вирусот со своето неодговорно однесување, и бараат од соодветните институции, пред се од МВР,  неселективност во однос на казнувањата за непридржување кон пропишаните мерки, како и одговорност за сите досегашни пропусти, како што беа верските собири во неколку градови од земјата.

Останува до крајот на неделата да се приближат ставовите на партиите и да донесат конечна одлука за датумот на предвремените парламентарни избори, за коишто, сепак, би требало да биде пресудна препораката од Комисијата за заразни болести, во однос на намалувањето или зголемувањето на бројката на заразени со Ковид -19.

Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ