• Latest

До крајот на неделава се очекува датум за изборите

May 26, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

До крајот на неделава се очекува датум за изборите

May 26, 2020 09:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Третата вонредна состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на последната седница на Советот за безбедност, овој пат во траење од 14 дена истекува на крајот на месецов, по што според Уставот треба да продолжат законските активности за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа одложени поради коронакризата.

Партиите се уште без усогласен термин за изборите, откако последната лидерска средба заврши со различни ставови на власта и опозицијата за натамошните активности околу предвремените избори, кои пред избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 требаше да се одржат на 12 април.

И власта и опозицијата сакаат на избори со датум, за кој е постигнат консенсуз, но засега според она што го кажуваат во јавноста, заеднички јазик нема, а усогласување на ставовите се очекуваат до крајот на оваа недела, иако засега се уште нема официјална потврда за нова лидерска до 30 мај, паралелно со завршувањето на 14-дневната вонредна состојба.

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев вчера во телефонски разговор со в.д. премиерот на Косово Албин Курти, нагласил дека до крајот на оваа недела ќе се знае кога ќе се одржат изборите, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

За содржината на разговорот Заев-Курти јавноста беше информирана преку соопштение на СДСМ, откако претходно лидерот на Движењето Самоопределување вчера повторно се заложи за вонредни парламентарни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои ќе има избори во наредните месеци, меѓу кои и Северна Македонија која, според него, ја чекаат избори во јули.

Лидерот на СДСМ, кој по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, рече дека првиот термин за избори, по укинувањето на вонредната состојба и врз основ на Уредбата со законска сила, е 21 јуни, вчера во интервју за мкд.мк нагласи дека секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и демократијата.

-Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, рече Заев и додаде дека многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата.

Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се  повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни мерки да го заштитат, посочи Заев, кој очекува ВМРО-ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги барале и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април.

– Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжуваат и изборните активности, истакна Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на лидерската предложи три термини: 23, 30 август и 13 септември и натаму за избори во рамки на тој период. Тој вчера во интервју за ТВ Клан истакна дека август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што, според него тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните, а на прашањето дали неговата партија би ги бојкотирала евентуалните избори во јуни, кажа дека се е можно.

– Тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од коронавирусот, но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу, но не исполни ништо, рече Мицкоски, според кого барањата на Заев создаваат конфузија кај граѓаните бидејќи најпрвин барал вонредна состојба, а веќе другиот ден избори.

Нагласи дека здравјето е пред се и тоа е нешто што не се менува и додаде дека одлуките во неговата партија ги носат врз основа на мислењата на експертите.

Речиси 70 отсто од граѓаните, пак, ќе излезат на гласање на парламентарните избори доколку здравствените власти дадат зелено светло за тоа. Тие нема да се чуствуваат безбедно доколку тоа биде само со повик од политичарите. Ова произлегува истражување на јавното мислење кое се однесува на изборите што го објави „Детектор“, а го изработи Институтот за политички истражувања Скопје.

Истражувањето покажува дека ако надлежните здравствени власти дадат зелено светло за избори, на гласање се изјасниле дека ќе излезат 69,6 отсто од граѓаните, додека 19 отсто велат дека нема да се појават пред гласачките кутии.

А бројките покажуваат дека во изминатите два дена не се регистрирани починати од коронавирусот во државава, како и минимален пад на бројот на заразени, кој вчера достигна 21, а завчера беше 37. Вкупната број на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 447.

Според Уставот, изборите мора да се одржат дваесет и два дена по завршувањето на вонредната состојба. Министерката за правда Рената Дескоска минатата недела елаборирајќи ја владината уредба која се однесува на изборите, нагласи дека изборните дејствија се веќе започнати од страна на институциите, значи се преземени чекори за подготовка на изборите – истите се паузирани поради вонредната состојба, а продолжуваат онаму каде што застанале веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

Таа на лидерите им порача дека може да разговараат за одредени рокови или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, со почитување на уставните одредби, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава.

-Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба, порача Дескоска.

Третата вонредна состојба во траење од 14 дена Пендаровски ја прогласи по седницата на Советот за безбедност на 15 мај, а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки за справување со кризата, што ја предизвика епидемијата на Ковид-19.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ