• Latest

„Прво, па женско“: Почит за жената – борец!

March 14, 2016
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Прво, па женско“: Почит за жената – борец!

March 14, 2016 10:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во духот на одбележувањето на достигувањата на жената-борец, се одржа овогодишното, четврто издание на иницијативата “Прво, па женско”. Викендов беше посветен на одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, како празник кој ја претставува вековната борба, за еднаква позиција и рамноправност на жената и мажот.

Од 11-ти до 13-ти март, скопјанки и скопјани имаа можност да проследат богата и ангажирана програма, исполнета со различни содржини. Програмата започна со проекцијата на филмот „Сè за тебе“, на италијанската режисерка Алина Мараци, а во изминатите три дена прикажани беа и неколку долгометражни и краткометражни филмови.

Според концептот на Луми Бекири и Кристина Леловац, отворена беше изложба на фотографиод протести: “Жена–борец, женски портрет на граѓанскиот отпор во Македонија во 2015.”

aktivistka

“Оваа изложба е мал портрет на женското лице на годината, одбележана со свирежи, скандирања и поворки по улиците.  Одѕив на женското НЕ – на неправдата, насилството и криминалот. И покрај тоа што беа прогласени за внуки на вештерките коишто предците на царот не успеале да ги запалат, македонските жени, бестрашно и неуморно ги освојуваат улиците. Уште малку и ќе ја освојат и слободата!” – стои во воведот со кој се најави изложбата.

Дел од програмата беше и  перформансот “Девојката со сонце над главата”,  на косовската актерка, кореографка и режисерка Агнес Нокшиќи и на актерката Доника Ахмети.

„Интимниот театар“ од Битола, се претстави со “Будење на пролетта”, по текстови од Франк Ведекинд и документарни материјали. Се работи за интимна приказна за патот полн со предизвици што го поминува секоја жена, во процесот на исполнување на своите мечти и соништа.

Еден од настаните кој секако предизвика голема посетеност беше гала вечерта на раскажување женски приказни – “ПичПрич”. За концептот и реализација на програмата беа задолжени Ана Василева и Румена Бужаровска.

11157563_10207768397704117_2304770077567215416_o
Фото: Ванчо Џамбаски

Четвртото издание на “Прво па женско”, беше збогатено со неколку предавања и дискусии на различни теми. Анти-предавањето на Елизабета Баковска на тема: “Женското писмо (не) постои”, беше дел од  петто предавање во рамките на школата за феминизам “Кој се плаши од родот онлјан?”, во организација на  ХЕРА – Младински активизам и репродуктивно здравје.

“Знаеш ли да препознаеш љубов? А вистинска љубов?”,  беше дискусија на тема за која многу малку се зборува, иако според статистиката – една од пет млади тинејџерки и жени, е жртва на насилство во врска.

Одвоено беше и време за моментално најактуелниот предизвик со кој се соочува цела Европа, бегалската криза. На темата “Жените во бегалската криза”, зборуваа:  Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мерсиха Смаиловиќ  од НВО „Легис“ и хуманитарката Ленче Здравкин.

12841218_459329994276031_5996533970600901606_o

Презентирана беше и идејата: “Една може”, што претставува група за самопомош на еднородителски семејства, на која ЦИВИЛ – Центар за слобода и ја даде целосената поддршка.

Во рамките на трите фестивалски дена се реализираше и  паралелната програма за одржување на стрип работилница со Хелена Јанетиќ од Хрватска, работилница наменета за деца на возраст од 8 до 12 години, хуманитарна акција за собирање на помош за жените-бегалки, а функционираше и мобилната клиника на ХЕРА за женско здравје на паркингот на МКЦ.

Програмата заврши синоќа со концертот на Ана Ќурчин од Србија.

„Прво, па женско“ и оваа година беше во организација на “Tiiiit! Inc.“ – неформална организација, која има за цел да стави особен белег на одбележувањето на 8 Март. Сите настани се одржаа во просториите на Младинскиот културен центар.

Како што посочија организаторките на овој настан, жената-борец, неслучајно беше одбрана да биде главниот мотив на овогодишното издание на “Прво, па женско.” Годината што измина, на што потсети и ЦИВИЛ-Центар за слобода во својата честитка за 8 Март, беше одбележана со жени-борци во сите сфери од живеењето.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 8 мартАгнеса НокшиќиАлина МарициАна ВасилеваборецДоникаАхметиЕдна може!женаЛегисЛуми БекириРумена БужаровскаХЕРАЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ