• Latest

МТСП: На личните сметки на 2.759 млади лица префрлени над 8,9 милиони денари за младински додаток на плата

May 29, 2020
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: На личните сметки на 2.759 млади лица префрлени над 8,9 милиони денари за младински додаток на плата

May 29, 2020 14:50
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика и Агeнцијата за вработување информираат дека е извршена исплата на младински додаток за месец април. На личните сметки на 2.759 млади лица се префрлени над 8,9 милиони денари додаток на плата.

-Младите секогаш се во фокусот при креирањето и имплементацијата на политиките  на Владата на Република Северна Македонија. Поддршката на младите до 23 години кои засновале работен однос во прозводствени дејности се реализира преку имплементација на Законот за младински додаток. Правото на младинскиот додаток кој изнесува 3.000 денари за полно работно време по лице месечно, за пет месеци го искористиле 3.061 младо лице. Со оваа мерка за поттикнување на интересот за производствените дејности, младите се поддржани со вкупно 45,4 милиони денари, информираат од Министерството.

Најголем дел од корисниците на младински додаток се вработени во производство на електрична и електронска опрема за моторни возила – 810 работници. Во производство на леб, слатки и бисквити работат 80 корисници на младински додаток а 69 во производство на фармацевтски производи. Има и 33 млади лица кои одгледуваат саден материјал а 18 се бават со производство на обувки.

За младински додаток можат да конкурираат младите кои се вработени со задолжително социјално осигурување кај работодавач или се самовработени во компании со претежна производствена дејност,  младите коишто се вработени преку приватна агенција за вработување кај работодавач со претежна производствена дејност, како и младите индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

-Имајќи ја предвид потребата од потикнување на растот на домашната економија и развојот на реалниот сектор како и големиот интерес на младите за користење на младинскиот додаток, како одговорна Влада, обезбедивме дополнителни средства за уште 1.000 млади лица потенцијални корисници на правото на младински додаток, се додава во соопштението.

Од Министерството ги повикуваат младите лица до 23 години вработени во производствените дејности да аплицираат за користење на младинскиот додаток. Апликациите се поднесуваат во центрите за вработување според местото на живеење на младото лице.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ