• Latest

Џафери: Не може во недоглед да живееме во вонредна состојба

June 1, 2020

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Не може во недоглед да живееме во вонредна состојба

June 1, 2020 12:24
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партиските лидери мора да покажат одговорност за излезно решение, бидејќи не може државата да продолжи со постојана вонредна состојба, изјави денеска собранскиот спикер Талат Џафери во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

– Во однос на актуелната состојба, знаете дека сум кажал дека не смееме да се зачудиме ако дојдеме во ситуација да и во вонредна состојба имаме избори, бидејќи треба да се постават соодветните институции. Не можеме до недоглед да живееме во вонредна состојба и да чекаме само по себе да одмине, порача Џафери.

Коментирајќи ги правните аспекти кои ги застапуваше зошто Собранието не може повторно да се состане, Џафери, рече дека токму поради нејаснотијата околку долготрајноста на ситуацијата, во недостиг на сценарио, ад хок се решавале работите.

– Јас не се чувствувам како победник, и не ми била целта да излезам како победник апропо сите други. Но, овие три децении направени се многу преседани и во тој контекст сметам дека не смееме да се впуштиме во преседани бидејќи таквите скапо ќе ги платиме во иднина. Еве една таква ситуација на преседани, кога мислиме дека Собрание може да се распушти и заседава по потреба. Направени се преседани па доаѓаме од еден во друг. Ако го читате Уставот, тој дозволува скратување на мандатот за предвремени избори. И во таква ситуација се носи политичка одлука за едно дејствие. Но, тоа после отвора правна рамка која соодветно треба да остави легитимитет на одлуките кои се носат. Ние создадовме ситуација шест месеци однапред со датум за избори и не оставивме ниту една можност на калкулација наспроти ситуацијата. Ние лекцијата не ја научивме. Од 18 март по првата вонредна состојба до сега немаме излезна стратегија за излез од оваа ситуација и не може до недоглед да имаме вонредна состојба, рече Џафери, притоа нагласувајќи ги стручните предвидувања дека во наредниот период, ситуацијата со Ковид 19 може да биде уште полоша

Во однос на коментарите од опозицијата, која ја стави здравствената комисија составена од епидемиолози под прашалник поради нивната партиска припадност, собранискиот спикер вели, не може априори да се има сомнеж во нештата.

– Во секој случај тоа ни е капацитетот, тоа се луѓето, тоа се експертите. Други не можеме да донесеме. Оставете ги луѓето да си ја работат работата, не може секое дејствие да биде политичко. Секој си има право некаде да биде определен во однос на партијата или идеологијата, но важно е стручното. Стручно никој од нив не кажа вака или така. Тие ги следат трендовите, ниту една нивна констатација не е различна од трендовите. Ако се бара алиби за нешто, секогаш ќе се бара во другиот, рече Џафери.

Разговарајќи за некои од излезните решенија, тој посочи дека можно е гласањето да се одвива неколку денови.

– Ако предвидувањата се дека во наредните неколку години не следи оваа состојба, со нејасна ситуација, тогаш во моментов може да се има консензус, на денот на гласањето, луѓето кои се активни на вирусот, нема да биде крај на светот да се каже дека заразените нема да може да го користат своето право на глас или да гласаат од дома. Има механизми за тоа. Во тој контекст треба да се размисли, посочи тој.

Џафери смета дека е изводливо изборите да се одржат во неколку дена.

– Тоа треба да се направи со уредба. Тоа е едно од излезните решенија. Стручната фела треба да даде консензус и механизам за начинот на гласање, рече тој.

Џафери посочи дека има комуникација меѓу партиите и побара одговорност од нив.

– Тие сепак се претставници на граѓаните. Апелирам, секој кој презел одговорност да одлучува за нештата, да ја доведат до крај ситуацијата и да одлучат на кој ден граѓаните ќе можат да одлучуваат за нови институции и кому ќе дадат легитимитет. Сега не ни треба политика, не може еден да работи, друг да опструира. Не би смеело да се оди во недоглед до создавање атмосфера за некој да биде комотен. Доволно имаше време сите да разбереме и да сфатиме дека ситуацијата е озбилна и земајќи ги предвид експертите дека во идно време оваа ситуација може да биде само полоша, тогаш сите ние треба да рефлектираме и да кажеме дека во вакви ситуации треба да преземеме дел од ризикот. Да не ги претставуваме граѓаните само кога се оди глатко, потенцираше претседателот на Собранието.

Според него, во крајна инстанца, институциите треба да ги преземат одговорностите да се спроведат работите кои треба да се спроведат во интерес на граѓаните.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ