Австрискиот парламентарец Андреас Шидер на Твитер напиша дека со завршувањето на вонредната состојба се враќа парламентарниот легитимитет, што значи дека парламентарни избори мора да има на почетокот од јули.
„Завршува вонредната состојба во Северна Македонија. Тоа значи враќање на нормалниот парламентарен легитимитет и дека граѓаните одлучуваат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат на почетокот на јули.“ напиша Шидер.