Поставувањето на билбордот пред Владата на Република Северна Македонија, стана хит за шеги низ социјалните мрежи.
Во билбордот кај во кој пишува: Кој ќе биде следниот премиер?, се поставени три слики, на Зоран Заев, Христијан Мицкоски и една празна слика во средина, за на која се претендира дека треба да биде премиер албанец.


Билбордот се промовираше преку прес конференција од страна на потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити. Но, на Фејсбук, граѓаните, особено албанците во земјава почнаа да се шегуват поставувајќи нивни слики на празното место на премиерот на ДУИ.


Ваквите реакции се придружени со сатирични коментари кои покажуваат дека мнозинството не веруваат во сериозноста и искреноста на најавената предизборна кампања на ДУИ.
А. Зеќири












