• Latest

Конечен датум за избори сè уште нема, Заев е за 5 јули, Мицкоски бара избори на 15 јули

June 15, 2020
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Конечен датум за избори сè уште нема, Заев е за 5 јули, Мицкоски бара избори на 15 јули

June 15, 2020 11:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Саботата спроти неделата на полноќ заврши вонредната состојба, а откако лидерите на двете најголеми партии во државата владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски претходно на средба во Вила Водно не постигнаа договор за датумот за изборите, продолжуваат изборните дејствија за избори на 5 јули.

Власта останува на ставот да има избори на 5 јули, владејачката СДСМ потенцира дека тоа е согласно Уставот и законите – односно продолжување на изборниот процес, онаму, каде што застана, пред прогласување на вонредната состојба. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, пак не го прифаќа 5 јули и бара избори кон средината на истиот месец, со образложение дека е потребно време за воспоставување на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на прес-конфернеција порача дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули, или 8 јули, а прва можна дата, според него, е 15 јули или (средината на јули како што рече).

Тој го повика претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски, инклузивни избори, а тоа значи, вели, еден ден откако во земјата ќе стигне Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да почне кампањата.

-Првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули, рече Мицковски.

Бујар Османи од ДУИ истакна дека без учество на релевантните политички фактори изборите ќе предизвикаат криза, според кого, таа криза ќе прерасне во институционална и ќе ги загрози преговорите со Европската Унија. Тој рече дека изборите денес се повеќе потребни од претходно кога беа договорени за 12 април. Смета дека само со политичка Влада и функционално Собрание, државата ќе може да се справи со последиците од коронавирусот.

„Без учество на релевантните политички фактори, изборите во овие услови ќе претставуваат нова политичка криза, која како по правило кај нас се претвора во институционална криза, за потоа да стане закана и за евентуална безбедносна криза. Би било неодговорно ако тоа го дозволиме. Почетокот на преговорите претставува најголемиот стратешки приоритет на државата, за кој секако барем декларативно имаме консензус. Нема ништо паметно во тоа најважниот проект за граѓаните да го загрозиме поради политичка незрелост, политичко надмудрување и партиски тактики, ставајќи ги партиските цели пред стратешките“, рече Османи.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на вчерашната прес конференција истакна дека избори треба да се одржат час поскоро, односно краен датум за одржување на изборите да биде 5 јули, за како што рече да имаме функционални институции кои ќе може да се справат со здравствено-економската ситуација.

Уште пред да се изјаснат политичките партии, ЦИВИЛ изгради став дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат час поскоро. Датум за избори е 5 јули. Државата не може да си дозволи понатамошни одложувања.

Препораките на ЦИВИЛ беа дека треба да се одржат уште во декември минатата година, кога веќе се договорија предвремени избори, а во периодот на здравствената криза со коронавирусот, препораката на ЦИВИЛ беше изборите да се одржат на 21 јуни.

„Откако беше пропуштен и тој датум, наш став е дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на изборите.

ЦИВИЛ тоа го соопшти повеќе пати во текот на изминатите денови, а соопштение со најнов датум пред оваа прес конференција е на 12 јули кога го соопштивме овој став. И денеска го истакнуваме овој став и ги повикуваме сите политички партии и институции одговорно и совесно да го довршат изборниот процес, за доброто на целото општество“, вели Дерала.

A.П.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ