Бизнисменот Лазим Дестани од „Еколог“, чие име го спомнуваа симпатизерите на ДУИ како и некои портали блиски до оваа партија, јавно ги демантира сите гласини дека тој ќе биде кандидатот на ДУИ за „прв премиер Албанец“. Во пресрет на парламентарните избори во Република Северна Македонија на сите политички субјекти кoи се натпреваруваат, Дестани им посакува достоинствена кампања, фер и демократски избори.
„Во последните денови во медиумите се спомнува моето име како кандидат за Премиер, сакам да објаснам на целата јавност дека како што сум изјавил и во минатото, паралелно со мојот бизнис, јас останувам посветен и на филантропија, како и на моите активности во раководните структури на нашата дијаспора. Ангажманот во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес останува во сферата на економски развој преку претпријатијата во бизнисот, како што и сум направил во целата моја кариера”, напишал Дестани.
Тој посакува на престојните изборите да произлезе Влада која ќе работи за доброто на сите граѓани и за доброто на земјата.
Неговото име се спомнуваше од активисти на ДУИ и порталите блиски со оваа партија. На една од излагањата пред јавноста, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, тврдеше дека „првиот премиер албанец”, бил негов сон кој останува да го спроведат другите. А истовремено од неговата партија излегоа со кампања дека сега е време за прв премиер Албанец. Но, од сите други албански партии во земјава одбија да им се придружат на оваа кампања обвинувајќи дека се работи за лицемерие и предизборна измама на ДУИ со цел добивање повеќе гласови.
Арбен Зеќири