• Latest

Алатки за пријавување притисоци во предизборниот период во јавниот сектор

June 23, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Алатки за пријавување притисоци во предизборниот период во јавниот сектор

June 23, 2020 12:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во јавниот сектор од денеска ќе може да пријавуваат притисоци во предизборен период на алатка која е поставена на веб страницата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски апелира до вработените во јавниот сектор да ја користат алатката  и да пријават евентуален притисок.

Целта, потенцираше Манчевски, е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори. Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели исвоите лични податоци  тие ќе бидат заштитени согласно Законот  за заштит ана личните податоци  и за тоа веќе се преземени соодветни технички  и организациски мерки.

-Цврсто стоиме на заложбата дека притисоци, уцена и злоупотреба  во јавниот сектор нема  и нема да има и за време на оваа кампања како и за кампањите  за сите изборни процеси во изминатите три години  вработените во јавниот сектор ќе можат на лесен и едноставен начин  да пријават доколку некој им врши притисок  во контекс на изборниот процес, рече на прес-конференција министерот Манчевски, потенцирајќи дека ја промовираат алатката на меѓународниот ден на јавниот сектор.

Како што рече Манчевски, МИАО се обврзува дека сите пристигнати пријави ќе ги проследи до надлежните органи  за понатамошно постапување. За тоа веќе организиравле и координативни состаноци  со Државната комисија за спречување на корупција, Народниот правобранител, Агенцијата за администрација,  Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување,  како и сите други надлежни институции  коишто можат да бидат доведени во овој контекст.

На претходните изборини процеси и реферндумот преку ваквата алатка имало најмногу 10 пријави, повеќе од половина од нив биле несоодветни, а сите што требало биле препратени во соодветната институција, рече во одговор на новинарско прашање Манчевски.

Тој потсети и дека со механизмите што ги презема МИОА за целосна професионализација на јавниот сектор е изготвениот закон  за високата раководна служба, којшто не е во сила заради  моментално нефункционалното Собрание. Законот, појасни, предвидува транспарентен  и професионален избор, високи стандарди  и  критеируми за раководните позиции  и претставува прв голем исчекор  во деполитизација  на јавниот сектор.

-Дополнително ја менуваме и културата на работење и после долго време овие три години јавниот сектор конечно работи согласно описот на своите работни задачи без притисоци и без да биде служба на некој друг, односно заробената држава е веќе минато, рече Манчевски.

Со оглед дека изборната кампања започнува на 24 јуни, дел од предизборниот фолклор секогаш се и говорот на омраза, лажните вести, корупцијата, злоупотребата на службената положба, притисоци, закани и уцени.

ЦИВИЛ веќе започна со долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Од искуствата со изборниот мониторинг, ЦИВИЛ констатитра дека секоја информација во овој период е важна. Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пртигнат: фогорафија, видео, постови на осцијални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.

Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ.

Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано во борбата за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи.

Пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com), Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје, информираат од ЦИВИЛ.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ