Партиите продолжуваат со своите активности, кои се одвиваат паралалено и на социјалните мрежи и со посета на градовите и на населените места во земјата, на третиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020.
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ според официјалната агенда денеска во 19 часот ќе има настан во Тетово, а потоа во 20:30 часот во скопски Аеродром.
„Нов концепт, со нова програма и над се нова македонска развојна економија. Ќе одржиме економски лекции и на Мицкоски и на неговите економски кадри, но и лекции на регионот. Затоа што имаме потенцијал, одлична географска поставеност, работлив народ, луѓе кои не се штедат само бараат фер-шанса чесно да заработат. Но и затоа што сега имаме пријатели, а не непријатели, и затоа што не почитува целиот свет. Затоа ќе успееме“, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на предизборната трибина одржана синоќа во Охрид.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ќе имаат средби со граѓани и обраќања во Демир Капија, во Неготино и во Кавадарци.
Синоќа од Ресен лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост и секој кој го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да попуштиме од тоа што се избориле нашите предци.
Политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на Изборната единица 3 и тоа во Велес, во Штип и во Берово,
.












