Ветено пред многу години, и на минатите парламентарни и локални избори, Основното Училиште “Наим Фрашери”, во Мала Речица, се користи за партиско промовирање на ДУИ на оваа изборна кампања.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која воедно е и потпретседателка на ДУИ, објавува слики на багер кој работи во локцијата предвидена за изградба на училиштето со натпис: “Тоа што ветуваме, го остваруваме. Почна работата за изградба на Основното Училиште” Наим Фрашери во Мала Речица”. Самиот натпис има партиски карактер и политичка порака. Друг сомнителен елемент е и фактот дека на поставената информативна табла пишува дека дозволата за изградба е издадена на 24.10.2019 година, а работата е оставена да се почне и промовира на помалку од две недели пред денот на гласањето на предвремените парламентарни избори. Истата објава на Арифи се споделува и од други партиски функционери, активисти и кандидати за пратеници.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ