• Latest

Ацевски: Периодот од 60 дена за затворање на трансакциската сметка и простор за донации ги става во нерамноправна положба учесниците во изборниот процес

July 10, 2020

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Обид за убиство во Струга: Ги тепале со шипки, а потоа пукале со пиштол

September 17, 2025

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Ацевски: Периодот од 60 дена за затворање на трансакциската сметка и простор за донации ги става во нерамноправна положба учесниците во изборниот процес

July 10, 2020 11:37
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во ек на изборната кампања, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во делот на ингеренициите на Државниот завод за ревизија во изборниот процес, начинот на ревидирање на финансиските извештаи на политичките партии, потребата за измени и дополнувања на Изборниот законик во поглед на политичкото финансирање, како и за можноста од постоење и детектирање на коруштивни елементи во фиансирањето на изборната кампања.

ЦИВИЛ Медиа: Која е улогата на ДЗР во изборите? 

Ацевски: Улогата на ДЗР во делот на изборната кампања и целиот изборен процес се состои од повеќе аспекти, пред сè во давањето пораки до надлежните органи што се задолжени за законските и подзаконските акти кои што го уредуваат целиот процес на изборите во нашата држава. Втората работа е спроведување на ревизија на севкупниот финансиски извештај на изборната кампања што полиитчките партии имаат обврска да го достават до ДЗР и секако една од клучните активности е давање совет зџа начинот на постапување на сите инволвирани страни во самиот изборен процес. Клучна работа е и обезбедување транспарентност за пошироката јавност во делот на она што значи објавување на финансиските извештаи на полиитчките партии за примените донации и секако објавување на ревизорските извештаи за извршената ревизија на учесниците во изборниот процес.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се клучните точки каде може да се појави корупција во областа на политичкото финансирање? Како откривате неправилности во јавните извештаи на политичките партии? Кои се искуствата во минатото?

Ацевски: Видете јас не би зборувал за корупција. Би сакал да зборувам за начин на создавање на услови кои што условите би биле подеднакви за напреварување на политичките партии во изборниот процес. Секогаш има простор за подобрување на законските акти каде што би се обезбедиле подеднакви услови за сите учесници во изборниот процес. Во тој случај не би зборувале за корупции и незаконски постапувања. Секако дека има одредени согледувања во нашето работење од изменување на законските и подзаконските акти кои што го уредуваат овој процес. Дел се надминати со последните измени и дополнувања во Изборниот законик, но голем дел останаа за надминување во наредниот период. Ние упорно ќе инсистираме и со овие ревизорски извештаи што ќе бидат издадени во наредниот период. Тие ќе содржат одредени препораки што ќе упатуваат на подобрување на законските акти се со цел да се обезбеди подеднакво постапување и создавање на услови за сите политички партии, но и создравање на јасни правила нап остапување кое што од една страна ќе го овозможи и ќе го олесни процесот на постапување самите учесници во изборниот процес, а со тоа ќе го олесни процесот на ДЗР во ревидирањето.

ЦИВИЛ Медиа: ДЗР постојано укажува на одредени системски слабости. Кои се клучните системски слабости кои ја отежнуваат контролата на политичкото финансирање?

Ацевски: И понатаму останува одредбата во Изборниот законик дека политичките партии и понатаму можат да прибираат донации во роко од 60 дена одо бјавување на конечните извештаи, односно од денот на затворање на трансакциската сметка отворна за изборниот процес. Тоа укажува дека во суштина сесоздава една нееднаква ситуација во која што самите учесници во изборниот процес се доведуваат во ситуација да немааат еднакви можности. На пример, прибирање на донации. Кај секој донатор постои одредена доза на неизвесност кога не ги знаете резултатите и кога немате сознание кој е победникот. Тогаш можеби ќе се одлучите да донирате за другите учесници во изборниот процес очекувајќи дека тој можеби е потенцијалниот кандидат што би победил со неговите кандидати.

Во услови кога вие имате објавени конечни резултати од изборниот процес, кога го знаете победникот имате можност во наредните 60 дена да прибирате донации на трансакциските сметки отоврени за изборната кампања, тогаш е јасно дека секој би сакал да уплати на победникот, отколку на губитникот. Така се создава една нерамноправна положба во која што во услови кога ќе се знае победникот, секој ќе сака да се дружи со победниците. Тоа е првата наша забелешка со која констатно укажуваме дека овој период од 60 дена по објавување на конените резултати од изборниот процес создава нерамноправна положба на учесниците во изборниот процес.

Имаме одредени согледувања и укажувања во дело на она што значи поднесување на извештајот од страна на општините за рекламниот простор. Со измените во Изборниот законик се создаде обврска правните субјекти доставуваат извештаи за рекламните просотори и билборди, но не се создаде обврска општините да создаваат такви извештаи. Тука се и одредбите што упатуваат на начиот на финансирање на изборната кампања каде што со измените на Изборниот закник наместо да се подобрат и појаснат одредби во начинот на финансирање наи зборната кампања, чувствувам дека се создаде поголема конфузија од тоа од кои извори на финансирање би треабало да се финансира изобрната кампања. Во еднао дредба во челн 83, ако не се лажам, беше уредено дека изборната кампања може да се финансира од средствата на редовната сметка, за потоа подолу ги имате наведено чланарините, донациите од редовна сметка, кредитите итн., за да во преодните и завршните одредби се кажува дека средствата од редовната сметка во текот на изборниот процес во 2020 година нема да се користат. Веднаш се поставува прашањето дека во суштина и средствата од чланарината и од донации се исто така средства од редовната сметка со која што се создаваат услови за комуникација помеѓу сметката за изборниот процес, односно за изборната кампања и редовната сметка.

Потоа се зодаваат недоумници во она што значи сметка за донации. Имаме можност за пренесување на донациите од редовната сметка каде што донациите се уредени со Законот за финансирање на политичките партии и донации кои што во суштина се утврдени со одредбите во Изборниот законик. Се создава можност да се финансираат и донации од редовната сметка и донации од Изборниот законик што според наше видување не би требало да се случува такво нешто.

Во делот на финансиските извештаи внесена е одредба каде што се упатува дека финансиските извештаи треба да се подготвуваат согласно одредбите на Законот за сметководство за непрофитни организации кој се темели на едно сметководствено начело што е сосема поинакво од она во делот што значи подготвување на финансиски извештај за изборна кампања. Министерството за финансии во службен весник го објави правилникот за форматот на  финансискиот извештај и за донациите за време на изборна кампања кој не се темели на оваа одредба од законот и не може да се темели бидејќи има сосема различен пристап и различни правила на постапување и мислам дека при прва наредна прилика на измена на Изборниот законик, ние би биле пресреќни кога би се донел сосема нов закон каде што сите овие наши сугестии и забелешки би биле вградени и би се донел закон во кој шт ќе биде поконцизно уреден начинот на постапување на сите инволвирани страни во изборниот процес.

ЦИВИЛ Медиа: Дали сметате дека периодот од 60 дена за затварање на наменската трансакциска сметка е предолг и остава простор за одредени коруптивни дејствија?

Ацевски: Како граѓани не можеме да гледаме во секоја активност дека постои корупција. Секогаш треба да зборуваме на кој нацин треба да превенираме кај корупцијата и секогаш кога зборуваме за репресија секогаш мојот став е дека треба да се превенира. Смао на тој начин можеме да создадеме култура на однесување која што ќе биде пример за останатите учесници. Ние зборуваме за услови кои создраваат нееднаква положба. Можеби навистина донаторот сакал да донира средства за тој политички субјект, меѓутоа оставајќи го просторот од 60 дена по објавување на конечните резултати, сепак создава една рамка која што е несоодветна за постапување. Затоа велиме дека тавкиот начин на прибирање средства на донации треба да биде заклучно со денот на објавување на конечните резултати. Кога ќе го ограничиме периодот за прибирање на донации за периодот до денот на добивање на конечните резултати веднап вржиме превенција на спречување на можноста за злоупотреба или коруптивно однесување на поединци кои би сакале одередни пари на одреден политички субјект којшто би очекувал во иднина одредени против услуги.

Знаете како е, периодот од 60 дена по објавување на резултатите за да се затвори сметката, па потоа политичките субјекти имаат рок од 30 дена да го подготви вкупниот финансиски извештај, тоа е веќе 90 дена, а ДЗР има 60 дена да изврши ревизија на 15 учесници во изборниот процес. Никој не се запрашал досега за кадровските и техничките потенцијали на ДЗР, дали во тие рокови може да одговори на со закон утврдените надлежности. Ние сме горди како институција што државата и меѓународната заедница дава доверба на ДЗР да извршат ревизија на политичките партии, но сепак секоја делигирана надлежност мора да биде пропратена со човечки ресурси и финансиски средства како би можело да се заврши секја делегирана надлежност.

ЦИВИЛ Медиа: Што по ревизорскиот извештај? Доколку констатирате недоследности во финансирањето, кој е следниот чекор? Постапуваат ли надлежните институции по вашите наоди во ревизорските извештаи?

Ацевски: Клучно прашање во избониот процес е познавањето на законската и подзаконската регулатива и правилата што ги пропишува ДИК.  Одо на што досега е доставено како извештај за примени донации во ДЗР, морам да кажам дека одредени политички партии немаат доволно капацитети и познавања на целата законска регулатива и она што значи извештаи за донации што треба да се достават до ДЗР. Уште ги примаме извештаите за примени донации од денот на отворање на сметката заклучно со 10 ден, каде што морам да констатирам дека одредени извештаи се на обрасци што престанаа да важат. Одредени субјекти немаат сознание дека имаме нови обрасци за пополнување и доставување за примените донации. Има одредени состојби кои упатуваат веднаш на несоодветно постапување. Тука се поставува прашањето колку државата односно надлежните органи успеале во овие услови на пандемија со корона вирусот да ги едуцираат учесниците во изборниот процес за законско постапување во процесот на изборите.

Во делот на известување на надлежните органи, во делот на одредбите во Законот за ревизија, ДЗР има обврска доколку констатира одредени нерегуларности да ги извести надлежните органи, а тоа е ДКСК, Јавното обвинителстов, МВР и секако ДИК, доколку има елементи за нејзино постапување во во делот ако има ограничување на дел од сретствата кои што им следуваат на учесниците во изборниот процес.

ЦИВИЛ Медиа: Како би ги оцениле прекршочните и казнените одредби од Изборниот законик?

Ацевски: Има безброј казнени одредби. јас не сум поборник за казнување, бидејќи секогаш поаѓам од тоа дека секогаш треба да постапуваме превентивно отколу репресивно. Со репресијата всушност нема да маправиме ништо. Сите ние, вклучувајќи ве и вас како невладина организација треба да работиме на подигнување на јавната свест, во насока на поддигнување на знаењето на ситеи нволвирани во изборниот процес и во зголемување на професионалци, бидејќи водење на деловни книги и финансиски извештаи не може да се занимава секој и тоа треба да биде од професионални лица кои што треба да го знаат начинот на подготовка на финансиски извештаи и начин на известување. Кога имаме професионалци во изборниот процес може да делуваме превентивно кај одговорните луѓе во изборите, да делуваат одговорно и самите луѓе во одреден политичка партија, да даваат совет за начинот на постапување и на тој начин ќе можеме да имаме позитивни оценки во делот на она што значи начин на спроведување на изборниот процес во нашата држава, а сето тоа води кон позитивна оценка кон она ѓто значи приклучување на нашата држава кон ЕУ.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мемети

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    219 shares
    Share 88 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ