Државната изборна комисија објави низа едукативни видеа со пораки, за цел да се заштити гласачкото право на граѓаните.
„Строго е забрането употреба на сила, сериозна закана или друг начин со кој ќе се изврши попречување на гласањето“.
„Строго е забрането нудење на поткуп со намера да го прекршиш избирачкото право“.
„Мојот глас е мое право, одговорност и цел, но строго е забрането уништување на изборниот материјал“.
„Оствари го твоето гласачко право, но не ги прекршувај одредбите од Изборниот законик“.
„Најостро е забрането гласање за друго лице“.
„Ти имаш право да ги знаеш твоите гласачки права и право да одлучуваш. Ти гласаш сам и тајно позади параванот, со заокружување на редниот број пред кандидатската листа“.
„Не плаши се да донесеш одлука, биди исправен пред себе, ти си граѓанинот кој има моќ да одлучува за својата иднина. Твојот глас е повеќе од бројка“.
„Јас сум тој кој што одлучува, јас имам право и глас, но најстрого е забрането внесување на оружје во гласачкото место. Ти направи изборите да бидат фер и слободни. Излези и гласај, ти си на ред“.