Кандидат за пратеник и носител на листа денеска околу 8 часот им испраќал СМС пораки на граѓаните да излезат и да гласаат за него и неговата партија.
Според правниот тим на ЦИВИЛ ова е кршење на изборен молк.
Молкот започна од 12 јули (понеделник) на полноќ и ќе трае до утре до 21 часот, на денот кога се гласа (среда). Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, поткуп на гласачи, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети.
Во текот на денешниот ден, гласаат лицата во казнено-поправните установи и притворите, внатрешно раселените лица и болните и немоќните.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ