• Latest

Што следи по конечните резултати?

July 16, 2020

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Што следи по конечните резултати?

July 16, 2020 18:52
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија, по правило, првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите .

ДИК конечните резултати би требало да ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот по нивната конечност. Со оглед дека ДИК доживеа напад врз нејзината веб страница, конкретно на делот резлутати, а во исчекување на седницата во 19:30 часот, причните резултати се чекаат пвовеќе од 12 часа.

Но, што по резултатите, што предвидува Изборниот законик?

Заштита на избирачкото право – одлуки по приговори на подносители на листи и на избирачи

Подносителите на листи

Приговор на постапката на гласање од подносител на листа се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, а приговор за постапка на сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по објавување на првичните резултати. ДИК е должна во рок од 72 часа да донесе одлука по приемот на приговорот. Против одлуката на ДИК може во рок од 24 часа, по приемот на решението, да се поднесе тужба до Управен суд.

Избирачи

Избирачите на кои им е повредено избирачкото право на денот на гласање во рок од 24 часа поднесуваат приговор до ОИК. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 4 часа. Против оваа одлука може да се поднесе тужба до Управен суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да постапи по тужбата во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Формирање на Собрание

Доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10,00 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник, ако и тој одбие  да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник кој ќе се согласи да ја свика првата седница.

Пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието (во натамошниот текст: претседавач), додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.

Собранието може да се конститутира ако на седницата присуствуваат мнозинство на избраните пратеници. Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието (во натамошниот текст: Верификациона комисија).

Мандатот на пратениците Собранието го верифицира на конститутивната седница по предлог од Верификационата комисија.  Верификационата комисија ја избира Собранието на конститутивната седница, по предлог од претседавачот. Верификационата комисија се состои од претседател и четворица членови, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за избор на секој пратеник, Верификационата комисија на Собранието му поднесува писмен извештај со предлог за верификација на мандатот на секој пратеник одделно. Собранието го претресува и гласа во целина по извештајот на Верификационата комисија. Ако Верификационата комисија го оспори изборот на одделен пратеник, на Собранието му предлага да ја одложи верификацијата на неговиот мандат. За секој таков предлог Собранието расправа и одлучува одделно.

Собранието може да ја одложи верификацијата на мандатот на пратеник и со заклучок да побара Државната изборна комисија да ги изврши потребните согледувања, заради проверка на законитоста и правилноста на спроведениот избор и во рок од 30 дена за тоа да го извести Собранието. До добивањето на известувањето на Државната изборна комисија, пратеникот чија верификација на мандатот е одложена, нема право да присуствува на седниците на Собранието. Верификацијата на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Формирање на Влада

Собранието избира Влада на начин и според постапка утврдена со Уставот и  со овој деловник. Претседателот на Собранието,  во рок од три дена  од денот на приемот на известувањето од претседателот на Републиката ги известува пратениците за кандидатот за претседател на Владата (мандатор).

Мандаторот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува  предлог за состав на Владата и програма.

Предлогот за состав на Владата се доставува во писмена форма. Предлогот содржи име и презиме на кандидатот за претседател на Владата и на кандидатите за министри, со биографски податоци. Предлогот за состав на Владата и програмата, претседателот на Собранието ги доставува на пратениците веднаш. Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата на седницата на Собранието на која се врши избор на Владата. По програмата на мандаторот и предлогот за состав на Владата, Собранието води единствен претрес. Претресот трае најмногу два дена.

Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој  обезбедува  учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24 часот. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници.

Останува само ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултати…

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ