На панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Постизборни анализи и оценки“ професорката Јасна Бачовска вели дека многу повеќе очекувала од политичката кампања, сметајќи дека тие во високо исполитизирани општества имаат многу ниска комуникациска вредност. Според неа луѓе што цврсто се убедени во своите политички ставови, тешко дека ќе влијае кампањската понуда на нивна рационална одлука за кого ќе гласаат.
Во секој случај секогаш останува еден простор на неопределени на кои што мораат да таргетираат. Од друга страна, оваа кампања како да немаше генерална тема. Се издеволвираа, беа потрошени темите се вртеа околу НАТО, ЕУ преговорите.. И таа тема како Ковид-19, како глобална тема не беше доволно интересна за нашата локална политичка култура. Некои теми, пак, беа доволно силни, како пропаста на СЈО, коруптивните афери, да ја тргнат економијата како тема и повторно да живееме во таа исполитизирана аура на небулози.
Многу ми е криво што опозицијата не смогна снага во таа грда и црна кампања што ја водеше да најави некаков политички дисконтинуитет и да артикулира со некои нови имиња од своите кадровски капацитети. и да направи некој дисконтинуитет од десетгодишното владеење на Груевски, власт што изгуби на скандалозен начин. Тоа можеа да го направат на некој начин во кампањата.
Кампањите беа стандардни, демек, онлајн време, можеа самите партии да дадат поголем степен на двонасочна комуникација. Оваа излезност мене ме чуди, но ја оправдувам со високата исполитизираност.
Можеше и СДСМ поенергично и похрабро да влезе во кампањата, потпирајќи се на влезот на НАТО, што на пример за мене е многу голема работа, историска. Опозицијата, пак, со крајно црна кампања, што мислам дека и донесе многу негативни поени. Едноставно поради сите случувања што беа, онаа енергија што се изгуби по Шарената револуција, таа наша надеж дека ќе дојде некоја правда, спласна. Можеа многу да направат ако интервенираа во кампањската понуда.
Медиумите не покажаа некој интегритет. Не пласираа некоја аналитичко новинарство кон кое можеме да се повикаме. И во целата кампања, не само официјалната, туку уште од март па наваму, видовме мрзеливост, апатичност, и еве со каков крај се соочуваме сега“, вели Бачовска.
Б. Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети












